11 минути вежби, за тело како на Кендал Џенер (видео)

Манекенката ја сподели тајната на добриот изглед, објавувајќи кусо видео со нејзината дневна рутина на вежбање.

11-minuti-vezhbi-za-telo-kako-na-kendal-djener-video-video-1.jpg

Дизајнерите, кастинг менаџерите и уредниците на модните магазини лудуваат по неа, а таа знае многу добро како да ја искористи нивната наклонетост. Долгоногата Кендал Џенер високо котира на листата на најплатените модели во светот, не само поради популарноста, туку и совршениот физички изглед.

11-minuti-vezhbi-za-telo-kako-na-kendal-djener-video-2.jpg.jpg

По примерот на своите популарни сестри, и Кендал има своја официјална страница и апликација што ја води тим од експерти, а преку кои редовно комуницира со обожавателите и им открива детали од својот живот.

Во кусото видео кое неодамна го сподели, таа открива дел од рутината на вежбање што секојдневно ја практикува. Трае само 11 минути, а се состои од нејзините омилени вежби, благодарение на кои го зацврстува телото и одржува витката линија.

Можеби 11 минути ви звучат како премалку време за потполна трансформација на фигурата, но ако вежбите ги вклопите во својата веќе воспоставена фитнес рутина, или, пак, успеете да ги вметнете во слободното време, резултатите сигурно ќе ве изненадат. Пријатно, се разбира.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава