Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 причини поради кои не гледате резултати од вашето вежбање

Денес, многу е тешко да се пронајде време за вежбање неколку пати неделно, а уште потешко е да останете мотивирани кога вежбањето не ви дава видливи резултати. 

iscrpeni-ste-od-vezbanje-a-seuste-ne-gledate-rezultati-eve-zosto-001.jpg

Еве неколку грешки што најверојатно ги правите во текот на вашиот тренинг, кои го прават вежбањето неефективно:

1. Вежбате само кардио

Трчате на лентата со часови додека не се преморите, но тоа е типична почетничка грешка. Речиси сите почетници кои сè уште не знаат добро да се снаоѓаат сами со вежбите, губат непотребно многу време на трчање на лента, затоа што изгледа најлесно и наједноставно.

Иако со трчање губите многу калории, сепак тоа нема многу да помогне за вашиот совршен изглед. Многу е важно да вежбате со тежина и да ги зацврстите и тонирате вашите мускули, со цел вашето тело да изгледа како што сте си замислувале. Има голема разлика од некој кој е фит и здрав, до некој кој е само слаб.

2. Не вежбате со тешки тегови

Можеби сè уште верувате дека само бодибилдерите креваат тешки тегови и дека вие нема да бидете способни истото да го направите. Најверојатно теговите ви изгледаат страшно и не се ни осмелувате да ги погледнете.

Но, за да го подобрите целосниот изглед на вашето тело, мора да почнете да кревате малку потешки тегови. Ќе започнете со тежина со која ќе можете без проблем да направите 10-12 повторувања, а потоа постепено ќе ја накачувате тежината.

3. Правите премногу вежби одеднаш

Кога сакате да направите многу различни вежби во период од 1 час, на крај нема да постигнете речиси ништо. Во еден ден вежбате нозе, задник, стомачни, кардио, грб и раце, и на секоја група мускули и посветувате по 5-10 минути.

Овој начин на вежбање е многу лош. Фокусирајте се на една или две мускулни групи додека вежбате, исцрпете ги во еден ден и следниот ден оставете ги да одморат, додека вежбате друга мускулна група.

4. Немате самодоверба

Никогаш не ја потценувајте самодовербата. Кога мислите и се чувствувате дека вежбате добро, дека ќе изгледате добро, полни сте со енергија и вежбањето ќе ви биде поефективно. Доколку е потребно, глумете самодоверба додека не ја постигнете навистина.

Сè што треба да запамтите е дека треба да се чувствувате сè подобро и подобро со секој нов тренинг.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Што ќе се случи ако секој ден трчате по 15 минути? Ќе го подобрите здравјето на срцето, но и полесно ќе го регулирате стресот. ...
14 мажи кои направија импресивна трансформација на телото со вежбање „Се чувствувам многу подобро. И не сум полуден по здрав начин на живот, само веж...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате) Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg