Која личност има најголеми шанси да ве натера да вежбате?

Како се наближува летото, така сѐ почесто размислуваме на тема слабеење и вежбање во теретана. Сепак, мора да се признае дека почетокот е секогаш најтежок.

koja-licnost-ima-najgolemi-sansi-da-ve-natera-da-vezbate-001.jpg

Дали веќе почнавте да барате друштво за во теретана? Верувале или не, не сте единствени.

Според последното истражување објавено во списанието „Nature Communications“, социјалниот ефект е нешто што најмногу влијае врз нашиот мотив за вежбање.

Според истражувањето кое траело 5 години, истражувачите откриле дека успехот на нивните пријатели е дефинитивно еден од најголемите мотиватори на луѓето за да започнат со вежбање.

Важно е да се потенцира дека луѓето со кои сме опколени имаат огромно влијание врз нас. Доколку се дружите со луѓе кои се мрзливи и немаат волја за ништо, многу е веројатно дека и вие ќе им се приклучите кон практикувањето на нивната „седи и дреми“ рутина.

Меѓутоа, во ситуации кога гледате дека вашите пријатели се активни, вредни и енергични - едноставно и вие станувате такви и се обидувате да го „држите“ нивното темпо.

Па така, доколку сакате да го одржите континуитетот на вежбањето, најдобро е да најдете некој пријател кој ќе биде ваш постојан поттик и мотиватор за достигнување на целта.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава