Јога пози во пар за растегнување и зголемување на довербата
Јогата е стар тип на вежбање кој комбинира физичка активност со емотивно чистење, па не само што е добар начин да си го подобрите здравјето, туку и да вежбате во пар за да ја зацврстите врската.

Ова се некои од најдобрите јога вежби кои треба да ги пробате во пар:
Дефлективно стоење
Ефект: Ова е една од првите пози кои треба да ги пробате, бидејќи го симулира нервниот систем го зголемува капацитетот на белите дробови и ја подобрува работата на бубрезите.

Агол за добро држење
Ефект: Оваа поза ја зголемува еластичноста на мускулите, посебно во пределот на нозете и грбот.

Пола лотос поза
Ефект: Оваа поза го зацврстува р'бетниот столб и ги прави посилни грбните мускули.

Стоење во наклон
Ефект: Оваа поза ги стимулира бубрезите, жолчното кесе и црниот дроб.

Чамец
Ефект: Оваа поза го подобрува варењето, ги зацврстува мускулите на нозете и ослободува од болка.

Силна поза
Ефект: Ги зацврстува нозете и рамномерно ги гради мускулите.

Наклон кон нозете
Ефект: Оваа поза го елиминира грбавењето, го намалува апетитот и го подобрува варењето.

Рамномерен наклон
Ефект: Оваа поза исто така го подобрува варењето и ги зацврстува грбните мускули.

Потпирање на четири страни
Ефект: Оваа поза ги зацврстува рацете, посебно рамениците и трицепсите, а исто така и го исправува грбот.

Кучешка поза + Стрела поза
Ефект: Ја зголемува флексибилноста на целото тело и ја зголемува моќта на респираторниот систем.

Поза на квадрат
Ефект: Ги зацврстува мускулите на грбот, стомакот, го подобрува држењето и ги истегнува мускулите на нозете.

Лежалка
Ефект: Ја намалува болката во грбот, го подобрува држењето и го зголемува капацитетот на белите дробови.

Н. Г. | Црнобело