До рамен и затегнат стомак во сопствениот дом: 5 најдобри видео упатства

Подготовките за летните одмори се во полн ек, но дали и изгледот на вашето тело го доведовте до совршенство за самоуверено да го облечете минималистичкото тренди бикини, кое го видовте во излогот пред некој ден?

do-ramen-i-zategnat-stomak-vo-vashiot-dom-5-najdobri-video-upatstva-001.jpg

Доколку разочарано мрдате со главата во форма на негација, тогаш го имаме совршеното решение за вас. И наместо да гледате фотографии од девојки со извајани стомачни мускули на Инстаграм, време е да станете од креветот и да преземете акција.

Но, дали знаете дека стомачните мускули се всушност сосема површни во големата слика на работите? Многу поважно е прво да го зајакнете трупот затоа што на тој начин ќе ја подобрите изведбата на сите вежби, а не само на оние за затегнати стомачни мускули.

„Во средишниот дел од телото има многу различни мускули кои остануваат потценети. Стомачните, за кои сите зборуваат, може дури и да се наречат „мускули огледало“, бидејќи тие се оние што можете да ги видите во огледалото.  Одлично е да се има видлива дефиниција, но всушност има мускули многу подлабоко на кои треба да работите за да имате подобро изведба на сите вежби и подобри резултати“, советува фитнес тренерот Џослин Томпсон Рул.

Сега во зависност дали имате слободни 3 или 10 минути, одберете едно од овие видео упатства. Вежбајте во вашиот дом и со помош на овие инструкции зајакнете го трупот и затегнете ги стомачните мускули.

3-минутно вежбање

3-минутно вежбање

https://www.youtube.com/watch?v=GX184i8C4pY

7-минутно вежбање

8-минутно вежбање

10-минутно вежбање

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава