План за 2 недели: 6 вежби со кои ќе се ослободите од целулитот

Целулитот се појавува кога телото има премногу маснотии, а недоволно мускулно ткиво.

plan-za-2-nedeli-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-001.jpg

Не изгледа убаво и на никој не му е пријатно кога ќе се појави на кожата, но доколку не е премногу распространет, сепак постои начин да се ослободите од него на природен начин.

Со помош на правилна исхрана и редовен тренинг ќе успеете да ја измазните кожата и да изгледате многу подобро.

Практикувајте ги овие 6 вежби кои ги затегнуваат мускулите, ги намалуваат бутовите и прават целулитот да исчезне.

За да постигнете резултат што е можно побрзо, вежбајте 2 недели – 2 дена вежбање, 1 ден одмор.

Вежба 1

Легнете на страна и потпрете се на долниот дел од раката. Кренете ја едната нога 10-30 cm од подот и држете ја во оваа положба 5 секунди, а потоа полека спуштајте ја. Повторете го истото на другата страна со другата нога.

2 серии по 12 повторувања на секоја страна.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-02.jpg

Вежба 2

Ставете ги дланките на земја и застанете во положба за склекови. Свиткајте го едното колено и донесете ја ногата речиси до стомакот. Потоа, исправете ја ногата и кренете ја наназад 13-20 cm од подот. Повторете со другата нога.

3 серии по 8 повторувања.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-03.jpg

Вежба 3

Земете мал тег во рацете и поставете го исправено. Стапалата треба да ви се поставени пошироко од рамената. Вдишете, полека спуштајте се надолу, виткајќи ги колената. Спуштајте се додека бутовите не ви дојдат во паралелна положба со подот. Потоа издишувајте додека се кревате нагоре.

3 серии по 20 чучнувања.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-04.jpg

Вежба 4

Застанете исправено, земете тег во рацете и поставете ги стапалата во ширина на рамената. Полека наведнувајте се нанапред со исправен грб и раце спуштени надолу. Наведнете се колку што можете пониско. Потоа, полека враќајте се во почетна положба.

5 серии по 12 повторувања.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-05.jpg

Вежба 5

Застанете на колена, потпрете се на исправени раце со исправен грб. Полека кревајте ја едната нога нагоре, а со горниот дел на телото наведнувајте се надолу. Останете во таа положба неколку секунди и потоа вратете се во почетна положба. Повторете го истото и со другата нога.

2 серии по 15 повторувања со секоја нога.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-06.jpg

Вежба 6

Раширете ги нозете малку повеќе од ширината на рамената и свиткајте ги колена, а рацете ставете ги зад глава. Скокнете нагоре со кренати раце и исправени нозе и вратете се во почетна положба.

2 серии по 20 скокања.

2-nedeli-intenziven-trening-6-vezhbi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-celulitot-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди) Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да з...
6 вежби за истегнување на канцеларискиот стол, со кои ќе ги намалите болките и вкочанетостa Работењето во канцеларија си има свои предности, но од друга страна значи и мину...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg