5 мали грешки кои не треба да ги правите после вежбање

Сите го знаеме она прекрасно чувство после исцрпувачко вежбање. Се чувствуваме силно, хормоните работат и едноставно сме незапирливи.

5-mali-greski-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-1

Но, сигурно досега сте слушнале дека е важно само она што го правите додека вежбате туку во градбата на мускулите спаѓаат и сите одлуки кои ќе ги донесете после вежбање.

Она што го правите после вежбање може да биде исто толку важно колку она што го правите пред и за време на вежбањето.

Колку и да изгледа неодоливо да се вратите на старите нездрави навики во истата минута кога ќе завршите со вежбање, на тој начин само го саботирате сето тоа за кое работевте толку многу.

Еве 5 мали, но лесно поправливи грешки што ако ги смените ќе ви ја поправат цела фитнес рутина:

1. Наеднаш прекинувате со вежбање

Туку што завршивте со вашето кардио и единствено што сакате да направите е легнете на под и да дремнете на истото место. Иако постои голема желба во вас да легнете во кревет и да не мрдате, науката вели дека кога запирате со вежбање оддеднаш, вашиот пулс се забавува нагло.

Ова може да придонесе крвта да се симне во долниот дел на вашето тело, што води до вртоглавица па дури и онесвестување. По трчање на лента, пешачете неколку минути или пак активно истегнете ги мускулите за да му дадете време на срцето да се прилагоди.

5-mali-greski-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-4

2. Го прескокнувате истегнувањето

Една од најголемите грешки што луѓето ги прават после вежбање е што забораваат да се истегнат. Истегнувањето е важно затоа што им дозволува на вашите мускули да станат посилни, и на тој начин го добиваат целосниот бенефит од вашето макотрпно вежбање.

Истегнувањето после вежбање исто така ги релаксира мускулите, помага во циркулацијата и му помага на телото да се ослободи од токсини што ги воспалуваат мускулите.

5-mali-greski-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-2

3. Не ги внесувате потребните нутритивни вредности

Правилните нутритивни вредности се најважни за регенерација на мускулите. Сигурно ви е познато чувството кога не можете да станете ниту пак да седнете затоа што мускулите ви се премногу воспалени од вчерашното вежбање.

Па, комбинација од сложени јаглехидрати и протеини може да го намали времето на заздравување на мускулите на половина.

5-mali-greski-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-6

4. Седите во сопствената пот

Сите би живееле цело време во нашите удобни алишта за вежбање кога би можеле. Но, кога седите со испотена облека со часови после вежбање, можно е да придонесете до појава на габични инфекции и бактерии.

Спакувајте уште еден пар облека за вежбање за следниот пат кога ќе одите во теретана и не дозволувајте бактериите да ве нападнат.

5-mali-vezbi-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-5

5. Од вежбање веднаш се префрлате на алкохол

Беше напорна недела, едвај се довлечкавте од работа во теретана а сега душата единствено ви сака еден ладен коктел. Овој магичен пијалак, посебно кога го пиете после вежбање може да ве дехидрира, да ви го зголеми ризикот од појава на грутки во крвта и да го забави процесот на заздравување на мускулите.

Стрпете се барем неколку часа после вежбање пред да се фрлите на алкохол а потоа слободно почестете се. Го заслужувате тоа.

5-mai-greski-koi-verojatno-gi-pravite-posle-vezbanje-3

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg