Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Која е тајната за згодно тело како на Џиџи Хадид?

Една од најатрактивните модели на денешницата, Џиџи Хадид, одлучи да открие кој е трикот со кој таа се служи за нејзината фигура.

koja-e-tajnata-na-gigi-hadid-za-nejzinoto-zgodno-telo-01.jpg

Се работи за една кратка вежба која ја практикува и кога е дома.

Пред ревии и јавни настани, но и во слободното време, познатата манекенка има една необична навика, која очигледно функционира.

„Во кујната ставив самолепливо ливче и секојпат кога ќе поминам покрај него, морам да направам 15 чучњеви, кои вообичаено ги мразам бидејќи се тешки и мора да се прават повеќе за да се постигне резултат.“ – вели згодната Џиџи.

koja-e-tajnata-na-gigi-hadid-za-nejzinoto-zgodno-telo-03.jpg

Точно, потребно е да се прават многу чучњеви за да се постигне резултат, но не мора одеднаш, па затоа техниката на Хадид е одлична.

Покрај тоа, убавицата истакнува дека тоа не е единствениот начин на кој таа се грижи за фигурата, но го смета за омилен. Зошто? Причината е едноставна.

Голем дел од денот поминуваме во кујна, без разлика дали е за да подготвиме јадење, кафе, да земеме вода, или едноставно да се прошетаме и да видиме што има во фрижидерот...

Па така, во денот ќе мора многу често да правите по 15 чучњеви што дефинитивно ќе ви донесе резултат, а притоа ќе ви биде и забавно, затоа што ќе ви претставува предизвик.

Обидете се и видете колку долго ќе издржите – ништо нема да изгубите.

koja-e-tajnata-na-gigi-hadid-za-nejzinoto-zgodno-telo-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Јога рутина за почетници: 10 вежби кои се прават на стол Иако се изведуваат без да станете од стол, овие јога вежби ќе ги истегнат сите п...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg