Жена која ослабела 150 килограми за првпат облекува костим за капење (фото)

Жената која некогаш тежела скоро 230 килограми, била горда на тоа што успеала да ја преполови својата тежина.

zena-koja-oslabela-150-kilogrami-za-prvpat-oblekuva-kostim-za-kapenje-01.jpg

30-годишната Жаклин Адан на Инстаграм ја сподели првата фотка во костим за капење по многу години, и тоа со намалени 150 килограми.

Секако дека била нервозна, меѓутоа била на одмор во Мексико и решила дека тогаш е вистинското време за првиот чекор кон себе-прифаќањето.

„Бев нервозна кога го одврзав материјалот со кој бев покриена и прошетав покрај базенот накај плажата. Уште се чувствував како таа дебела девојка од 230 килограми... и тогаш се случи.

zena-koja-oslabela-150-kilogrami-za-prvpat-oblekuva-kostim-za-kapenje-03.jpg

Парот кој седеше покрај базенот почна да се смее и да покажува со прст накај мене во моментот штом се разголев.

Земав воздух, се насмевнав и продолжив да одам покрај базенот. Тоа беше важен момент за мене. Ме промени. Повеќе не сум дебелката девојка која се плаши.“

zena-koja-oslabela-150-kilogrami-za-prvpat-oblekuva-kostim-za-kapenje-04.jpg

Жаклин пати од вишок кожа која останала по драстичното слабеење, но сепак се труди да биде најдобра фитнес мотивација која може за нејзините Инстаграм фанови.

zena-koja-oslabela-150-kilogrami-za-prvpat-oblekuva-kostim-za-kapenje-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа фото-споредби: Доказ дека здравата исхрана и вежбањето навистина прават чуда Една од најчестите новогодишни одлуки е здрава исхрана, вежбање и ослободување о...
7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди) Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да з...
Имала 105kg и била на прагот да добие дијабетес – денес е бодибидерка: „Ослабев 50kg, се чувствувам ... „Успеав да го променам сопствениот живот на подобро и други жени може да го напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg