Како да се мотивирате да вежбате во ладните, тмурни денови?

Дури и да сте најголеми обожаватели и зависници од вежбање, мора да признаете дека ладните и тмурни денови, тоа го претворат во ноќна мора.

kako-da-se-motivirate-da-vezhbate-vo-ladnite-tmurni-denovi-01.jpg

На никого не му е лесно да се натера да излезе од топлиот дом и да се упати кон теретана или сала за вежбање, каде треба да се пресоблекува и да „смрзнува“.

Но, и повеќе од јасно е дека кога ќе стигнете таму и ќе почнете да вежбате, расположението веднаш ќе ви се подобри и ќе се чувствувате попријатно.

Предизвикот е – како да се натерате да го започнете процесот, а потоа сѐ е полесно.

Неколку совети за тоа како да се мотивирате да вежбате во ладните, тмурни денови:

Разбудете се со светлина и музика

Доколку вежбате наутро, најтешкиот дел во раните тмурни утра е да станете од кревет. Но, практикувајте го следниов совет – кога ќе го исклучите алармот, веднаш станете и запалете светло, а потоа пуштете си плејлиста со музика за вежбање.

Тоа ќе ве мотивира и расони, па ќе ви биде полесно со добро расположение да се подготвите за утринското вежбање кое ќе ви го подобри целиот ден.

kako-da-se-motivirate-da-vezhbate-vo-ladnite-tmurni-denovi-02.jpg

Загрејте се на пат до теретана/сала за вежбање

Доколку сте од оние кои не можат да вежбаат дома, тогаш се соочувате со друг предизвик – да излезете на ладното време за да отидете на локацијата каде што вежбате. Тоа носи друг проблем – кога ќе стигнете таму, ладно ви е за да се пресоблечете.

Но, постои решение и за тоа. За да не го чувствувате толку многу студот, загрејте се на пат до теретана, односно одете со велосипед или пешки. Пуштете си музика, облечете се добро и раздвижете се уште пред да почнете со вежбање.

kako-da-se-motivirate-da-vezhbate-vo-ladnite-tmurni-denovi-03.jpg

Најдете фитнес пријатели на кои може да се потпрете

Да се посветите на вежбањето заедно со пријател е одличен начин да се натерате да излезете од дома, бидејќи нема да сакате да се извисите еден со друг. Затоа е важно да најдете некој упорен со кој постојано ќе се мотивирате да не пропуштите ниту еден тренинг, без разлика на времето.

Легнувајте си рано

Колку и да ви е тешко да се откажете од уште една епизода во вечерните часови од омилената серија, раното легнување е клучно доколку сакате да го победите уморот во ладните денови.

Во спротивно, кога не сте доволно наспани, без разлика дали вежбате наутро, после работа или навечер, постојано ќе сакате тренингот да го замените со сладок сон под топло ќебе.

Закажувајте го тренингот стратешки

Најдобро е да одите на вежбање веднаш после работа. Не дозволувајте пред вежбање да дојдете дома и да фе фати мрза велејќи си дека само малку ќе одморите и ќе погледате телевизија, бидејќи така, воопшто нема да излезете од дома.

Професионалците советуваат дека е најдобро да се вежба во периоди кога веќе сте излезени од дома, бидејќи е полесно да свратите на вежбање кога веќе сте во движење, отколку да треба специјално да излезете од дома за вежбање.

kako-da-se-motivirate-da-vezhbate-vo-ladnite-tmurni-denovi-04.jpg

Заборавете на изговорите

Доколку сте добро организирани, секогаш може да се најде време и за работа и за вежбање и за одмор и за дружење. За времето што ќе го потрошите за смислување изговори, веќе можевте да завршите половина тренинг.

Подобро е да потрошите еден час на вежбање отколку на мрзливо губење време.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...
Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот) За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg