Додека Македонците се дават во нечистотија, Швеѓаните трчаат и собираат ѓубре (фото)

Се чини дека здравите и еколошки освестени скандинавски народи смислија уште еден начин за спојување на доброто и корисното. Тие не само што редовно џогираат, туку попатно се грижат и за градската чистота.

dodeka-makedoncite-se-davat-vo-nechistotija-shvegjanite-trchaat-i-sobiraat-gjubre-foto-1.png

Во прашање е релативно нов фитнес тренд, но масовно се прифаќа низ светот.

Фрлањето ѓубре во далечина, или, пак, од што поголема висина, претставува и понатаму омилената спортска дисциплина за несовесните граѓани. Се разбира – по можност на туѓ терен.

Меѓутоа, Швеѓаните со својот последен пример покажуваат што значи да се биде вистински одговорен кон себеси и сограѓаните, како и активно да се придонесува кон заштита на животната средина.

dodeka-makedoncite-se-davat-vo-nechistotija-shvegjanite-trchaat-i-sobiraat-gjubre-foto-2.jpg

Станува збор за актуелниот фитнес хит „plogging“, односно физичката активност со која се соединети трчањето и собирањето ѓубре.

Старите и младите жители на оваа скандинавска земја, сѐ почесто џогираат со кеси за отпад, па така, покрај тоа што работат на својата кондиција и форма, позитивно влијаат и на околината.

Кога кесата ќе се наполни со смет и отпадоци, тренингот станува потежок, ама и поефектен. Во меѓувреме, трендот се шири и низ остатокот од светот.

Џогерите од различни земји веќе ги објавуваат сопствените фотки со полни кеси ѓубре на социјалните мрежи, пропратени со задолжителниот хаштаг: #plogging.

dodeka-makedoncite-se-davat-vo-nechistotija-shvegjanite-trchaat-i-sobiraat-gjubre-foto-3.jpg

За љубителите на трчањето, ова е мошне делотворен чин за претворање на нашата планета во поубаво место за живот.

А, за тие кои уште не ги откриле сите здравствени придобивки од џогирањето, можеби е вистинско време да се мотивираат и го испробаат.

dodeka-makedoncite-se-davat-vo-nechistotija-shvegjanite-trchaat-i-sobiraat-gjubre-foto-4.jpg

Можно ли е да заживее оваа акција и во Македонија? На колкумина им е потребен тренинг, но и будење на еколошката свест?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг? Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија. ...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg