10 јога пози кои целосно ќе го зајакнат вашето тело

Вежба 6 - за цело тело, најмногу за задникот и горниот заден дел на ногата

Застанете на една нога и наведнете се нанапред со половината и рацете, додека другата нога ја исправувате наназад во висина на рамената. Од дланките до стапалата треба да формирате права линија.

Останете во оваа положба 30 секунди и повторете со другата нога.

10-joga-pozi-koi-celosno-kje-go-zajaknat-vasheto-telo-07.jpg

Вежба 7 - за задникот

Легнете на земја на грб со свиткани нозе во колената и со рацете поставени покрај телото и со дланки свртени надолу. Поткренете ги колковите и долниот дел на грбот нагоре така што телото ќе формира права линија од колената до рамената.

Останете во оваа положба 30 секунди, па вратете се во почетна положба и повторете минимум 5 пати.

10-joga-pozi-koi-celosno-kje-go-zajaknat-vasheto-telo-08.jpg

Вежба 8 - за цело тело, најмногу за рацете, рамената, градите и грбот

Застанете на двете нозе и раце, така што рацете ќе ги испружите повеќе нанапред. Со дланките и предниот дел на стапалата туркајте кон подот и кревајте ги колковите додека нозете не се исправат така што ќе формираат превртена „V“ буква.

Останете 15 секунди во оваа положба, релаксирајте се па повторете 5 пати.

10-joga-pozi-koi-celosno-kje-go-zajaknat-vasheto-telo-09.jpg

Вежба 9 - за рацете, рамената и половината

Легнете странично и подигнете го телото нагоре така што ќе се потпирате на подлактицата од едната рака. Другара рака ставете ја на половината или кренете ја над рамо. Телото треба да формира права линија од рамена до пети.

Останете 10 секунди во оваа положба и променете ги страните. Постепено зголемувајте до 30 секунди.

10-joga-pozi-koi-celosno-kje-go-zajaknat-vasheto-telo-10.jpg

Вежба 10 - за градите и грбот

Застанете во положба за склекови но со рацете поставени малку под телото блиску до градите. Телото треба да биде исправено, а да се одржувате на дланките и на предниот дел на стапалата.

Останете во оваа положба 30 секунди, одморете па повторете вкупно 3 пати.

10-joga-pozi-koi-celosno-kje-go-zajaknat-vasheto-telo-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg