Вежби за рамен стомак и тенка половина кои може да ги правите без да станете од столче


Вежби за рамен стомак и тенка половина кои може да ги правите без да станете од столче

За да го донесете телото во одлична форма пред летото, треба да се потрудите околу исхраната, но и да се посветите на физичката активност.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-01.jpg

Но, за деновите кога немате време да одите во теретана, а имате грижа на совест ако не „извежбате“, постојат алтернативни вежби.

Може да ги правите без воопшто да станете од столче, всушност, услов е да седите на столче.

Па така, додека работите (ако имате можност), или одмарате пред телевизор, искористете го времето и затегнете го стомакот и половината.

Погледнете кои се вежбите и мотивирајте се:

Вежба бр. 1

Седнете на крајот на столчето и ставете ги рацете на колена. Постепено навалувајте се наназад истегнувајте ги мускулите на стомакот.

Грбот може да го допре потпирачот на столчето, но не ја потпирајте цела тежина. Полека вратете се во почетната положба. Повторете 10-12 пати.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-02.jpg

Вежба бр. 2

Седнете на столче, свиткајте ги рацете во лактите и ставете ги зад глава. Полека вртете го горниот дел на телото на едната страна, додека нозете и колковите остануваат во иста положба.

Останете во оваа позиција 3 секунди, а потоа свртете се на другата страна. На секоја страна повторете 10 вртења.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche03.jpg

Вежба бр. 3

Ставете ги рацете зад глава и полека наведнувајте се нанапред, а потоа враќајте се во почетна положба. Не си помагајте во виткањето со рацете. Повторете 15 пати.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-04.jpg

Вежба бр. 4

Седнете на столче, свиткајте ја ногата во коленото и кренете ја кон градите, фатете го коленото со рацете и останете во оваа позиција 3 секунди. Вратете се во почетна положба и направете 15 повторувања со двете нозе посебно.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-05.jpg

Вежба бр. 5

Потпрете се на столчето, спојте ги стапалата и кренете ги нозете свиткани во коленото кон градите, притоа рацете држејќи ги за столчето.

Останете 3 секунди во оваа положба, па исправете ги нозете нанапред и држете уште 3 секунди.

Полека свиткајте ги нозете и повторно вратете ги до градите и потоа пак исправете. Повторете ги овие движења 10 пати.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-06.jpg

Вежба бр. 6

Потпрете се на столчето и држете се со рацете за него од страните. Кренете ги нозете исправете и почнете да ги прекрстувате во исправена положба. Правете ја оваа вежба, наизменично со нозете 1 минута.

vezhbi-za-ramen-stomak-i-tenka-polovina-koi-mozhe-da-gi-pravite-bez-da-stanete-od-stolche-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секси вежби за парови за зацврстување на целото тело Знаеме дека вежбањето и не им е омилена активност на сите. Тешко се наоѓа време,...
6 вежби за истегнување на телото заради кои нема да молите за масажа Дали и вие сте од оние кои постојано чувствуваат болка во телото и здрвеност, па...
Вежби за истегнување од 1 минута кои ќе ве спасат од болки во грбот Повеќето луѓе кои се по 8 часа, а можеби и повеќе на компјутер и постојано се во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg