3 одлични YouTube канали кои ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната форма ова лето

Можеби најповолно време за да започнете здрав режим на исхрана и се разбира да ја зголемите дневната активност е токму пролетта. Таа секогаш носи нова енергија која ќе не натера да се погрижиме ова лето нашето тело да биде подготвено за на плажа.

3-oldicni-youtube-kanali-koi-ke-vi-pomognat-da-ja-dobiete-posakuvanata-forma-ova-leto-001.jpg

И доколку не сакате да поминувате време во и онака преполна теретана, еве ви одлични предлози на YouTube канали кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел:

Блогилатес (Blogilates)

Eден од најпознатите канали за вежбање е токму овој канал на Кејси Хо. Младата дама креира уникатни, кратки видеа кои за многу брзо време можат да ви помогнат да влезете во форма и изгубите некој килограм.

Бејли Браун (Bailey Brown)

Вежбите на Бејли се интересни и едноставни. Вклучуваат пилатес движења кои можете без проблем да ги направите од удобноста на вашиот дом. Таа ви нуди и многу здрави совети за исхрана и вкусни рецепти.

Ало Јога (Alo Yoga)

Oвој Јутуб канал ви нуди видеа со различни експерти и тренери. Ќе научите основни јога движења, а доколку успеете да вежбате подолго време ќе започнете да станувате се пофлексибилни и ќе совладате комплицирани јога потези.

Без разлика кој тип на вежбање ви одговара, доколку се одлучите да започнете денес, резултатите ќе бидат видливи навреме за летниот одмор.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg