Вежби за дланки за оние кои поголем дел од денот поминуваат на тастатура

Тастатурите, глувчињата и мобилните уреди се практични поради многу причини, но воопшто не „лежат“ природно на дланките.

vezhbi-za-dlanki-za-onie-koi-pogolem-del-od-denot-pominuvaat-na-tastatura-001.jpg

Затоа не е ни чудно што многу луѓе чувствуваат болки во зглобовите на дланките, особено кога поголем дел од денот поминуваат на тастатура. 

Колку и да се трудите правилно да ги поставувате рацете кога работите на компјутер, факт е дека тоа не е природна положба.

Олеснете си ги симптомите со овие пет едноставни вежби за вашите дланки:

Отворање и истегнување

Исправете ги дланките во природна положба. Започнете со истегнување на прстите, со нежно буткање кон надвор со помош на другата дланка. „Испукајте“ ги и потоа направете неколку кратки ротации со зглобовите.

Оваа вежба можете да ја правите и во канцеларијата, кога подолго време сте поминале во пишување.

vezhbi-za-dlanki-za-onie-koi-pogolem-del-od-denot-pominuvaat-na-tastatura-002.jpg

Размрдување на зглобот

Поставете ги дланките врз рамна површина, на пример вашето биро. Почнете да го префрлате притисокот врз коренот на прстите, а во исто време придвижете го палецот кон вас. Раширете ги сите прсти и останете во оваа положба околу 20 секунди.

vezhbi-za-dlanki-za-onie-koi-pogolem-del-od-denot-pominuvaat-na-tastatura-03.jpg

Вежби за палците

Вежбите со палците им се потребни на оние кои цело време се со својот мобилен телефон во рака и куцаат. Испружете ги рацете со дланките отворени нагоре и правете кружни движења со палците и во двете насоки. Раздвижувањето на овој зглоб е многу важно.

5-vezhbi-za-dlanki-za-onie-koi-predolgo-vreme-od-denot-tipkaat-na-tastatura-02.png

Вежбата наречена „молитва“

Спојте ги рацете пред вас како за молитва. Притиснете ги една за друга и така притиснати спуштајте ги надолу, додека да почувствувате затегнување во рацете. Повторете ја оваа вежба уште 2-3 пати.

vezhbi-za-dlanki-za-onie-koi-pogolem-del-od-denot-pominuvaat-na-tastatura-05.jpg

Совет: Правете ги почесто горенаведените вежби

Од овие вежби не би имале особена корист доколку ги правите само еднаш во текот на денот или на неколку денови. Потребно е да правите повеќе паузи до пишувањето на тастатурата и да си направите по неколку од претходните вежби.

Најдобро е да ги истегнувате прстите и дланките на секои 40 минути работа. Потрудете се и да станете од пред бирото и направете кратка пауза, па покрај прстите, истегнете ги и вратот и рамениците.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
10 секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се движите повеќе (и да направите 10.000 чекори) Одете на работа пеш или симнете се неколку станици порано, искористете ја паузат...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg