Која е тајната за совршената фигура на Емили Ратајковски?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 20-03-2019


Која е тајната за совршената фигура на Емили Ратајковски?

27-годишната манекенка и глумица важи за една од најсексaпилните девојки во светот. Додека многумина се прашуваат каква е нејзината магична формула за исхрана и фитнес, блиски извори на убавицата тврдат дека одговорот е прилично едноставен.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-1.png

Со рамниот стомак и тенкиот струк, во присуство на занесните облини, телото на Емили Ратајковски за мноштво девојки претставува стандард за совршена фигура. А, верувале или не, таа не вежба во теретана и се храни како што ѝ сака душата.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-2.png

Како ли успева тогаш да ја задржи одличната форма, наспроти сите забави, снимања и летови? Ова е „тајната“ зад чудесниот изглед на згодната бринета:

Исхрана

Ратајковски не крие дека навистина имала среќа со генетиката. Меѓутоа, ова не значи дека не ја контролира својата исхрана. Иако редовно им се препушта на омилените оброци и десерти, манекенката и глумица никогаш не се прејадува.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-3.png

При готвењето постојано внимава на количината на шеќери и соли кои ќе ги консумира. Од храна највеќе сака бифтек и тестенини. Се обидува да пие природни сокови секојдневно, а не одбива ни чаша вино во ниту една прилика.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-4.png

Фитнес

Емили не сака да тренира во теретана. Ова според неа е мошне досадно. Наместо во затворен простор, позабавно ѝ е да вежба надвор.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-5.png

Таа оди на планинарење, наутро трча долж океанот и вози велосипед околу Лос Анџелес. Ратајковски исто така обожава јога, бидејќи ѝ помага да ги oдржи убаво обликуваните мускули.

koja-e-tajnata-za-sovrshenata-figura-na-emili-ratajkovski-6.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

41-годишна мајка на две деца вежба помалку, а изгледа подобро отколку ... Која е тајната на нејзиниот младешки изглед? Белинда Нортон вели дека се чувству...
Вежби за истегнување препорачани од балерините Да се биде еластична личност не е лесно, а дел од луѓето во светот имаат и генет...
9 работи кои му се случуваат на вашето тело кога вежбате и не пиете во... Телото не исфрла токсини, ниту мускулите имаат правилен тек на формирање кога не...