Секојдневни нешта кои ги правите, а кои важат како физички вежби

Вежбањето и динамичниот начин на живеење често не „одат“ рака под рака, но веројатно вие веќе доволно вежбате, само треба да обрнете повеќе внимание на тоа.

sekojdnevni-neshta-koi-gi-pravite-a-koi-vazhat-kako-fizichki-vezhbi-01.jpg

На пример, со секојдневните активности како што се одењето до продавница, шетањето во маркет, чистењето дома и слични активности, вие веќе остварувате половина од препорачаната доза на дневна физичка активност.

Затоа, немајте грижа на совест доколку во некои денови не стигнете да отидете во фитнес-сала или на тренинг, особено ако правите некоја од овие активности:

Пазарување во маркет

Со самото тоа што ја буткате количката, се кревате на прсти за да земете од горните полици, потоа клекнувате за да земете од долните, па се предомислувате и се враќате, вие правите добар дел од препорачаната физичка активност.

Танцување

Не ви е потребен тренер за ова. Сигурно во текот на денот се развеселувате и танцувате на некоја песна. Сега, кога веќе знаете, правете го тоа поинтензивно.

Чистење на подот

Без разлика дали чистите со правосмукалка или џогер, вие имате физичка активност. Темелноста во чистењето исто така додава на ефективноста врз раздвижувањето.

sekojdnevni-neshta-koi-gi-pravite-a-koi-vazhat-kako-fizichki-vezhbi-02.jpg

Имате секс

Сексот има многу здравствени и физички бенефити, а и сам по себе бара активност и кондиција. Додека имате секс, вие всушност имате активност еквивалентна на лесна прошетка.

Грижа за градината

Градината од вас бара да клекнете, да станете, да се поткачите на нешто повисоко и овие активности да ги повторите неколкупати. Сосема легитимна физичка активност.

Свирење инструмент

Професионалните музичари поминуваат многу време во стоење, свирење и притоа се потат и губат многу калории. Применете го тоа и вие, за вкупен ментален и физички ефект.

sekojdnevni-neshta-koi-gi-pravite-a-koi-vazhat-kako-fizichki-vezhbi-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg