Како да се грижите за кожата пред и по вежбање?

Ако редовно вежбате, можеби често сте збунети околу тоа што смеете да ставите на кожата пред тренинг, а што потоа, но и како најправилно да ја негувате за оваа намена.

kako-da-se-grizhite-za-kozhata-pred-i-po-vezhbanje-01.jpg

Пред тренинг, најдобро е да се истуширате со гел за туширање и да го измиете лицето, за да не ги затнувате порите со други козметички производи.

Единствено, доколку тренингот е на отворено, треба да нанесете крема или лосион со заштитен фактор.

Шминка

Иако нема пишано правило, најдобро е да се вежба без шминка на лицето. За време на вежбањето се засилува циркулацијата и со тоа порите се поотворени. Во комбинација со потта и шминката, во нив може да навлезат опасни бактерии и да предизвикаат кожни иритации.

Затоа, најдобро е лицето темелно да се исчисти пред вежбање од сите остатоци од шминка.

kako-da-se-grizhite-za-kozhata-pred-i-po-vezhbanje-02.jpg

По тренингот

Лицето најпрво измијте го од потта со нежен сапун. Откако ќе пристигнете дома, можете да ставите хидратантна маска, после која задолжително нанесувате хидратантна крема за лице, ако кожата ви е сува. За мрсната кожа треба да користите прочистувачка маска и соодветни средства за нега.

На кожата на телото направете пилинг, истуширајте се со омилениот гел за туширање и намачкајте се со хранлив лосион. Поради тоа што после вежбањето лимфниот систем е попрооден, ефектите на козметичките производи ќе бидат повидливи.

kako-da-se-grizhite-za-kozhata-pred-i-po-vezhbanje-03.jpg

Што никако не смеете да користите

Немојте да користите пилинзи врз основа на овошна киселина. Тие функционираат на начин што го нагризуваат мртвиот епител, но и дел од здравите клетки, оставајќи ја кожата нежна и мека, но и подложна на иритации доколку дојде во допир со нечистотија.

kako-da-se-grizhite-za-kozhata-pred-i-po-vezhbanje-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg