6 најлоши места за чување на мобилниот телефони додека трчате

Ако прашате пет различни луѓе каде ги чуваат своите мобилни телефони додека трчаат, веројатно ќе ви откријат многу различни методи за чување на нивните телефони.

Ova se 6 najlosi mesta za cuvanje na mobilniot telefon dodeka trcate 01

Некои тркачи одат чекор понапред, тврдејќи дека никогаш не го носат мобилниот телефон додека трчаат, туку уживаат во рутата и пејзажот што ги опкружува. Во секој случај, постојат погрешни и правилни начини да го чувате вашиот телефон додека трчате.

Иако веруваме дека веќе сте пробале повеќе од неколку начини, ова се 6 најлоши места за чување на мобилниот телефони додека трчате:

Во рака. Држењето мобилен телефон во рака, додека трчате, може да биде брз и лесен начин да се сликате, но не постои ниту една друга предност на овој метод, претежно е само одвраќање.

После некое време, раката ќе започне да ви се грчи. Ако паднете некаде, најверојатно ќе го уништите и вашиот телефон.

Закачен на шорцови. Сигурни сме дека многумина веќе го пробале овој метод и откриле дека телефонот нема да остане на посакуваното место долго време. Во најдобар случај ќе заврши во вашата долна облека, во најлош случај на земјата.

Во спортски градник. Да, спортски градник изгледа како логично место за чување на мобилен телефон. Доволно е истиот да е цврст и телефонот сигурно нема да испадне од него.

Сепак, подрачјето околу градите се поти и може сериозно да му наштети на вашиот телефон.

Ova se 6 najlosi mesta za cuvanje na mobilniot telefon dodeka trcate 02

Во џебот. Џебот на вашата тренерка за трчање не е дизајниран да го држи телефонот. Спортските тренерки обично имаат мали џебови. Ако успеете да го ставите телефонот во вашиот џеб, веројатно ќе се судира со вашата кожа, што е непријатно.

На раката. Појаси за раце се најдобриот избор за чување на мобилни телефони, но сè повеќе тркачи бараат алтернативи за ваквите појаси, бидејќи се непријатни. Скокаат со секој чекор и секогаш треба да се исправат и адаптираат за да не се лизнат од раката.

Истите не се многу практични, што се однесува до пристапот, бидејќи отстранување на мобилен телефон со една рака е потешко отколку што изгледа.

Ova se 6 najlosi mesta za cuvanje na mobilniot telefon dodeka trcate 03

Во чорапи или чевли. За некои, ова може да изгледа како добра идеја, но поверојатно е дека ќе предизвика повеќе проблеми отколку бенефиции. Со секој чекор ризикувате мобилниот телефон да ви падне.

Каде е безбедно да се чува мобилниот телефон?

Торба со појас дизајнирана за носење на вашиот мобилен телефон. Постојат бројни модели на вакви торби, одберете го моделот што ќе ви одговара најдобро.

Ova se 6 najlosi mesta za cuvanje na mobilniot telefon dodeka trcate 04

Голем и безбеден џеб блиску до вашето тело. Овој џеб е специјално дизајниран за тркачи и други спортисти. Доволно се големи за во нив да чувате клучеви, пари или кредитна картичка, покрај телефонот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg