„Не можам денес, ладно е“ - Најчести изговори за да не вежбате и како да ги пребродите

Најлесно е да смислиме некоја причина за да се оправдаме за работите кои и сами сме свесни дека треба да ги правиме.

ne-ne-mozam-denes-umorna-sum-najcesti-izgovori-za-da-ne-vezbate-i-kako-da-gi-preprodite+01.jpg

Сите некогаш се „вадиме“ со најразлични изговори од најразлични ситуации.

Понекогаш изговорите за да не вежбаме како на пример ако сме болни, се сосема во ред, но многу често претеруваме и измислуваме сосема нелогични причини за кои и сами сме свесни дека не ни донесуваат никаква придобивка.

Во продолжение погледнете кои се најчестите изговори за да не вежбате и прочитајте ги нашите совети како да се справите со нив:

Теретаната е прескапа

Ова е еден од почестите изговори кои се користат за да се избегне било каква физичка активност. Но, ова е исто така најбаналниот изговор, затоа што сите сме свесни дека доколку сме решени да вежбаме тоа можеме да го направиме секаде-како на пример дома или во парк.

Секој простор може да се претвори во теретана доколку вие сакате.

Не се чувствувам мотивирано

Мораме да признаеме дека и тие што вежбаат по 3 пати во неделата, некогаш едноставно не се мотивирани за добар тренинг, што е сосема нормално.

Никогаш истиот тренинг и вежби нема да ги правите со ист ентузијазам, тоа секогаш ќе зависи од вашето расположение. Затоа, доколку немате денес мотивација, прескокнете го тренингот, но не го користете ова како изговор за никогаш да не вежбате.

Немам време

За добро кардио не се потербни повеќе од 15 минути. Тоа е сосема доволно за да ги „разбудите мускулите“ и да ја забрзате циркулацијата во вашето тело.

Следен пат кога ќе сакате да го искористите овој изговор, само потсетете се колку време во денот поминувате на социјалните мрежи и мотивирајте се да станете и одвоите 15 минути од денот.

ne-ne-mozam-denes-umorna-sum-najcesti-izgovori-za-da-ne-vezbate-i-kako-da-gi-preprodite+02.jpg

Времето е многу ладно/жешко

Понекогаш е прежешко, некогаш е преладно за да одите во теретана, на базен или да трчате на кеј. Но, затоа секогаш може да направите малку простор во вашата дневна и да искористете сé што имате дома за да направите одличен тренинг.

Уморен/на сум

Без сомнение најчестиот изговор. Но, дали знаевте дека всушност еден тренниг ќе ви помогне да имате повеќе енергија во текот на денот и да не се чувствувате уморно? Да, токму така.

Исто така вежбањето го лачи и хормонот на среќата-серотонинот, па затоа размислете два пати наредниот пат кога ќе сакате да го искористите овој изговор за да не вежбате.

Немам друштво

Навистина е тешко понекогаш да вежбате сами, а сепак да останете мотивирани. Вежбањето во друштво е многу поинтересно и времето поминува побрзо во друшто.

Но, секогаш можете да се мотивирате и сами со добра музика и позитивно размислување. Исто така секогаш можете да прашате некој од вашите пријатели да ви се придружат за во теретана, зарем не?

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg