Вежба за подигнување на задникот, подобра од обични чучнувања (видео)

Фитнес стручњаците велат дека постои вежба која подобро и побрзо делува од обичните чучнувања, ако крајната цел ви е подигнат и стегнат задник.

vezba-za-podignuvanje-na-zadnikot-podobra-i-od-cucnuvanja-001.jpg

Вежбата може да се практикува со или без дополнителна тежина.

Се почнува така што едната нога ја подигате на клупа, во висина на задникот, додека со другата правите исчекор, па лесно се спуштате во положба на чучнување.

Со тоа што оптеретувањето е само на едната нога, односно се зајакнува и рамнотежата, мускулите се затегнуваат без дополнителна тежина.

Вежбата ги активира бутовите и задникот, давајќи им флексибилност и подобрување на движењата.

Почнете со 10 повторувања. Секој тренинг зголемувајте го бројот за 5 повторувања.

Се препорачува вежбата да се практикува 3 пати неделно по 30 повторувања, за 2 месеци веќе да забележите позатегнат и заоблен задник.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава