Како лесно и брзо се чисти простирката за вежбање?

Периодов кога сите тренинзи ни се префрлија во домашни услови, неопходно е да внимаваме на хигиената и чистотата на опремата која притоа ја користиме.

kako-lesno-i-brzo-se-cisti-prostirkata-za-vezbanje-01_resize.jpg

Најнечисто место кое лесно може да стане легло за бактерии и вируси дефинитивно е простирката за вежбање.

На неа се потиме, а при самото движење и лежење на неа се собираат клетки мртва кожа, како и прашина од околината.

Редовното чистење зависи и од интензитетот и видот на вежби кои ги изведувате на простирката.

Ако вежбате полесни вежби, како на пример јога, доволно е чистење еднаш неделно. Но, ако правите интензивни тренинзи при кои обилно се потите, чистењето би требало да биде после секој втор тренинг.

kako-lesno-i-brzo-se-cisti-prostirkata-za-vezbanje-03_resize.jpg

Најпростото чистење би изгледало вака – во 400ml вода разредете неколку капки средство за миење садови и префрлете во шишенце со распрскувач.

Протресете го шишенцето додека не направите пена и потоа пропрскајте го секој милиметар од простирката.

Избришете со мека крпа која добро впива и оставете целосно да се исуши. Никако не ја замотувајте пред да биде комплетно сува.

Дополнителен совет: Ако имате малку сода бикарбона, со неа може да се ослободите од непријатните насобрани мириси по простирката.

Едноставно наросете сода по површината, оставете да делува 30-тина минути, па потоа лесно истресете. Содата успешно ги впива сите маснотии и непријатни мириси од кожата пренесени на простирката.

kako-lesno-i-brzo-se-cisti-prostirkata-za-vezbanje-02_resize.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава