Видео туторијали за пилатес - вежбајте дури и ако не одите на одмор летово

Пилатес без никаква опрема

Според инструкторката, овој тренинг е погоден за оние кои никогаш не вежбале пилатес, но сакаат да почнат. Во видеото таа ги објаснува основите за вежбање без никаква опрема, а целиот тренинг трае 20-тина минути.

Вовед во таканаречениот „POP“ пилатес

Кејси Хо е креаторка на „POP“ пилатесот – забавна комбинација од музика и пилатес вежби за истегнување. Ова видео ги покрива најосновните вежби и работи што треба да ги знаете.

10-минутен тренинг за кога немате време

Ако немате многу време за вежбање, тогаш пробајте го овој 10-минутен пилатес тренинг. За вежбите не ви е потребна никаква опрема и ќе ви помогнат да го раздвижите секој дел од телото.

https://www.youtube.com/watch?v=1OhKHigAsPY&feature=emb_title

Цел пилатес час

Ова се всушност четири видеа кои покриваат цел час по пилатес. Секое видео трае 10-тина минути и ако имате повеќе слободно време, најдобро е да почнете од овде.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава