Скршената рачка од џогер искористете ја за фит тело – 13 предлог вежби
Вежба за истегнување
- Раширете ги нозете колку рамената.
- Фатете ја рачката со двете раце пред вас.
- Полека наведнете се напред, а притоа испружете ги рацете, па вратете се во почетната положба.
- Правете ја вежбата 30 секунди.

Стомачни
- Легнете на грб и фатете ја рачката со двете раце над главата.
- Кренете го трупот и доближете ја рачката до колената.
- Исправете се и кренете ги рацете со рачката врз глава, па вратете се во првобитната положба.
- Правете ја вежбата 40 секунди.

Вежба за стомачни и нозе
- Легнете на грб, фатете ја рачката со двете раце и испружете ги рацете над главата. Кренете ги и нозете.
- Потоа кренете ја рачката, па наизменично спуштајте ги нозете - прво едната, па другата.
- Правете ја вежбата 45 секунди.

Вежба за гради и раце
- Раширете ги нозете повеќе од рамената.
- Испружете ги рацете на страна, а во едната фатете ја рачката.
- Спојте ги дланките пред вас и префрлете ја рачката од една во друга рака, и повторно испружете ги рацете од страна.
- Повторувајте 40 секунди.

Вежба за рамена, раце и нозе
- Раширете ги нозете малку повеќе од рамената и фатете ја рачката со двете раце пред вас.
- Замавнете со рачката на едната, па на другата страна. При секое движење не ги одвојувате нозете од подот – само малку кренете ја петата.
- Повторувајте 30 секунди.

Вежба за нозе
- Потпрете се на рачката пред вас со левата рака, а десната ставете ја на половината.
- Кренете ја десната нога странично еднаш малку, а вториот пат што е можно повеќе.
- Направете 8 повторувања со секоја нога.

Чучнувања
- Фатете ја рачката пред вас и застанете со раширени нозе.
- Држејќи се за рачката, клекнете што е можно повеќе, па вратете се во првобитната положба.
- Повторувајте 20 до 30 секунди.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати?
Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...