10 секојдневни навики кои ќе ви помогнат да се движите повеќе (и да направите 10.000 чекори)

Одете на работа пеш или симнете се неколку станици порано, искористете ја паузата за ручек за 10-минутна прошетка и избегнувајте да користите лифт или ескалатор.

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-01.jpg

Иако нема научни докази дека во текот на денот треба да направиме точно 10.000 чекори за да бидеме здрави и во топ-форма, факт е дека движењето и физичката активност се особено важни за нашето здравје, а на многумина токму оваа бројка им е дневна цел.

Сепак, во денешното модерно општество може да биде навистина тешко да се движите често. А, постојаното седење пред компјутер на работа и користењето автомобил или јавен превоз во секоја прилика не ни се од голема помош во овој случај.

Но, постојат неколку едноставни секојдневни навики кои можат да ви помогнат да се движите повеќе.

Најдоброто од сè е што за повеќето не треба да одвојувате посебен дел од денот, туку само да ги вметнете во веќе вообичаените обврски.

Во продолжение десет од нив:

Почнете го денот со прошетка

Можеби нема да се натерате да одите во теретана рано наутро, но кратката прошетка е многу поизводлива.

Разбудете се 20-тина минути порано и направете време за кратка прошетка низ вашето соседство и не само што ќе го зголемите бројот на чекори, туку полесно ќе се расоните и ќе се чувствувате посвежо.

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-02.jpg

Одете пеш на работа

Ако работното место не ви е многу далеку од дома, потрудете се почесто да одите пеш на работа.

Во овој случај можете да си направите и комбинација со утринската прошетка – излезете 20-тина минути порано, прошетајте, па тргнете кон работното место.

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-03.jpg

Ако одите со јавен превоз, симнете се 1-2 станици порано

Ако сепак живеете многу далеку и морате да користите јавен превоз, немојте да се симнувате до најблиската станица, туку малку порано.

Дури и ако се чувствувате како да не ви се пешачи тоа растојание, движењето ќе ве расположи и ќе ве наполни енергија, плус ќе мора некако да стигнете до дестинацијата...

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-04.jpg

Станувајте на секои 30-45 минути

Ако целото работно време го минувате на компјутер, на секои 30-45 минути станете од столот и раздвижите се. Отидете до тоалет, напијте се вода, излезете на 2-3 минути надвор – правете што било колку да се раздвижите.

Добро би било да го практикувате ова и откако ќе се вратите дома.

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-05.jpg

Искористете ја паузата за ручек

Одвојте 10-тина минути од паузата за кратка прошетка наместо да седите на маса. Можете да си купите храна од некое подалечно место или, ако носите ручек со себе, излезете и прошетајте, па вратете се да јадете.

10-ednostavni-sekojdnevni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-dvizhite-povekje-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“ „Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот рас...
8 чести грешки на кои треба да обрнете внимание кога правите чучнувања за да ги избегнете повредите Го искривувате грбот, не клекнувате доволно, ги кревате петите – сигурно правите...
Научно докажани трикови со кои ќе согорите калории во текот на денот Аромата на ванила ја „убива“ желбата за благо поради што ќе внесете помалку кало...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg