Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Како да ја намалите болката во мускулите по тренинг?

Немојте секој ден да вежбате со тегови, а по тренингот испијте чаша чоколадно млеко.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-01.jpg

Болката во мускулите по вежбање ни е добро позната на сите.

Ако почнете да вежбате редовно, интензитетот на болката постепено ќе се намалува. Но, додека да стигнете до таа фаза, некогаш болката може да биде и неподнослива.

Што можете да направите за да ја намалите болката во мускулите по тренинг?

Правете вежби за истегнување на крајот од тренингот

Откако ќе завршите со тренингот, одвојте 10-тина минути за да ги истегнете мускулите.

Вежбите за истегнување ќе ги релаксираат мускулите и ќе го намалат интензитетот на болката.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-02.jpg

Испијте чаша чоколадно млеко

Чоколадното млеко ќе го снабди организмот со хранливите материи кои се изгубиле преку потењето.

Тоа содржи јаглехидрати и протеини кои им годат на мускулите и можат да го забрзаат нивното закрепнување.

Наместо чоколадно млеко, можете и да изедете парче пица - бидејќи има и протеини, и јаглехидрати, може да има колку-толку ист ефект по вежбањето.

Само немојте да изедете многу за да не ги „вратите“ согорените калории и масти, и немојте да јадете пица по секој тренинг. 

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-03.jpg

Бидете активни и во деновите за одмор

Кога вежбате редовно, интензитетот на болката во мускулите ќе почне да се намалува.

Затоа, препорачливо е дури и на деновите за одмор да бидете активни – возете велосипед, одете на прошетка и слично.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-04.jpg

Спијте по барем седум часа

По напорната физичка активност, важно е да му дадете можност на организмот да закрепне и да си ја врати енергијата.

Затоа, осигурете се дека секоја вечер ќе спиете барем по седум часа.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-05.jpg

Немојте секој ден да вежбате со тегови

Освен ако не сте професионален спортист, нема потреба секој ден да правите вежби со тегови. Исто така, не треба секогаш да правите вежби за сите мускулни групи.

Во текот на неделата треба да одмарате барем еден ден, но, како што спомнавме, ова треба да биде активен одмор. 

Препорачливо е и два дена од неделата да вежбате кардио.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-06.jpg

Масирајте ги мускулите и носете тесни хеланки

За да ги масирате мускулите, можете да си купите масажер, но слободно можете да употребите и обично сукало. Важно е само да не создавате многу притисок за да не се повредите.

По тренингот можете да облечете и тесни хеланки кои ги намалуваат болките во мускулите.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-07.jpg

Истуширајте се со ладна вода

Ладната вода може да го намали воспалението во мускулите, а со тоа и болката.

kako-da-ja-namalite-bolkata-vo-muskulite-po-trening-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди) Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да з...
Вежби за истегнување кои ќе ве спасат од болки во телото и вкочанетоста заради долго седење Можете значително да ги намалите болките и вкочанетоста во грбот, вратот, нозете...
Кога е препорачливо да вежбате боси и кои се придобивките од тоа? Можете да ги зајакните стапалата, но не е препорачливо за луѓето со дијабетес – ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg