Од поинаков агол со балерината Мими Поп-Алексова: „Вистинскиот уметник не се плаши од критика“


Од поинаков агол со балерината Мими Поп-Алексова: „Вистинскиот уметник не се плаши од критика“

Балетот е скриениот јазик на душата, а онаа на Мими Поп-Алексова досега на сцената ни има раскажано навистина прекрасни приказни.

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-01.jpg

Велат балетот е сонување на вашите стапала, танц со срцето и тест за истрајноста, а Мими Поп-Алексова најдобро го знае тоа. Оваа светла точка на нашето уметничко небо, нашата неприкосновена балерина во моментов учествува во целиот репертоар на Македонската Опера и Балет, а паралелно со тоа е и посветена мајка и сопруга.

За својот густ распоред периодов Мими открива:

„Полека го привршуваме првиот дел од нашата сезона. На 14-ти овој месец ја имаме втората реприза од Балетскиот триптих во кореореографија на на двајца познати кореографи – Itzik Galili, и Сташа Зуровац и на 27-ми декември балетската претстава „Клеопатра“. Во меѓувреме ја имаме и балетската претстава „Снежана и 7-те џуџиња“ за помладата популација и веќе од јануари продолжуваме со божиќната претстава „Оревокршачка“.“

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-04.jpg

Нејзиниот талент достоен за Бољшој, а едновремено природноста и приземјеноста со кои зрачи нè инспирираа да проговориме со неа околу тоа што ја води низ животот:

Кое е твоето животно мото и советот кој би си го дала на помладата верзија од себеси?

„Никогаш нема да знаеш колку си силен, сè додека тоа не е единствената опција која ја имаш.“

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-02.jpeg

Кој е најдобриот совет што си го добила во животот и од кого?

„Вистинскиот уметник не се плаши од критика, таа не може да ја уништи неговата убавина“, Andrew Pitеr Greenwood, драг педагог и балет мајстор.

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-03.jpg

Најинспиративен филм...

Првиот кој ми падна на ум е „White Nights“ од Taylor Hackford. Во него глуми еден од најпознатите балетски танчари на сите времиња, Михаил Баришников, и е тесно поврзан со мојата работа.

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-06.jpg

Во него јасно се говори дека уметноста е таа која отсекогаш го пронаоѓала своето место, отсекогаш се пробивала низ политичките и културни бариери и наоѓала простор за свој просперитет.

Најмагичната сцена на светот, најинспиративната балерина на сите времиња и омилената претстава...

Една од најинспиративните балерини отсекогаш ми била Наталија Макарова, иако во  балетскиот свет постојат многу добри балетски танчари, кои на различен начин можат да ме инспирираат.

od-poinakov-agol-so-mimi-pop-aleksova-vistinskiot-umetnik-ne-se-plashi-od-kritika-07.jpgНаталија Макарова

За мене не постои магична сцена, за мене постојат магични претстави. Ги сакам балетите во кои што можеш да ја покажеш човечката емоција. „Ромео и Јулија“, „Онегин“, „Есмералда“, „Дама со камелии“, „Ана Каренина“... Ја сакам богатата драматургија во овие дела и уживам во креирање на карактерот на истите.

Едни од најубавите искуства во мојот живот се гостувањето со мојот партнер Бобан Ковачевски во Киев, во претставата Рајмонда, и соработката со еден од моите омилени кореографи Edward Clug во мојот ангажман во Холандија. Ги одвојувам овие два предизвика во мојот живот, бидејќи ги искусив како многу млада балерина и секогаш ке ми бидат многу драги.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ирена Илиевска: Со непријателот секогаш играј на негов терен... Габриел Гарсија Маркес е нејзиниот омилен писател, а секоја препрека во животот ...
Ивана Горичан: Боенката за возрасни Euphorbia ќе ве одведе на поубави ... Кога ќе се спомене боенка за возрасни сите прво помислуваме на Ивана Горичан и н...
Андреа Лекиќ: Би ми било многу тешко, ако сега треба да бирам помеѓу к... Пиевме кафе на омиленото место на Андреа Лекиќ. Девојката која заедно со целиот ...