Гордан Крстиќ: Уличното вежбање за мене претставува „лек” за исфрлање на стресот


Гордан Крстиќ: Уличното вежбање за мене претставува „лек” за исфрлање на стресот

Самосвесноста дека физичката активност е задолжителна за одржување на физичката форма и општото здравје е препознаена од многу луѓе, кои се трудат секој слободен момент да го искористат на начин, кој позитивно ќе влијае врз нивната добросостојба и справување со стресот и напнатоста.

gordan-krstic-ulicnoto-vezbanje-za-mene-pretstavuva-lek-za-isfrlanje-na-stresot-i-disciplina-za-gradenje-na-karakter-01.jpg

Средношколецот Гордан Крстиќ (17) од Куманово, своето време го вложува во себе, занимавајќи се со паркур, акробатика и street workout. Освен што е член на клубот кој се занимава со улично вежбање Bar Gladiators, дел од слободното време го посветува на играње онлајн игри како што се League of Legends и World of Warcraft. Иако, вежбањето во овој период од животот му претставува хоби, сепак планира во иднина да постигне нешто повеќе на тоа поле.

„Со паркур и акробатика се занимавам од 2009 година, но кога станува збор за street workout започнав на почеток на 2014 година“, раскажува Гордан. „Street Workout за мене претставува „лек” за исфрлање на стресот, дисциплина во која може да се изгради карактер и може да се применува во секој парк, на улица, и тоа бесплатно“.

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 2

Навиката за вежбање, Гордан ја има стекнато уште одамна и сите овие години се мотивира сé повеќе и повеќе да се надоградува и напредува.

„Кога станува збор за исхрана не можам да кажам дека лошо се хранам, се хранам прилично здраво, но секако консумирам и сендвичи, благо, грицки, но се во умерени количини. Јадам 4-5 пати дневно помали оброци без никакви додатоци како што се протеини, креатини, гејнери“, открива Гордан, кој во просек тренира шест пати неделно, а тренинзите му се поделени на „статични елементи“, „динамични елементи + акробација“ и основни вежби.

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 4

„Најомилена вежба ми се „руските згибови”, но кога станува збор за вежба од повисоко ниво тоа со сигурност би била „hefesto” доколку не знаете што е тоа можете да погледнете на Youtube“, споделува средношколецот од Куманово.

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 6

Гордан Крстиќ до сега има учествувано на повеќе натпревари, претежно во Србија, но имал и еден натпревар во Бремен, Германија со конкуренција на значително повисоко ниво каде што се пласирал во топ 8 од 50 натпреварувачи ширум Европа.

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 5

Во следниот период Гордан сака да се посвети во снимање на видеа, каде ќе ја промовира културата на уличното вежбање и кои ќе ги објавува на социјалните мрежи и на неговиот Инстаграм профил @gordankrstic.

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 1

gordan krstic ulicnoto vezbanje za mene pretstavuva lek za isfrlanje na stresot i disciplina za gradenje na karakter 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Горичан: Боенката за возрасни Euphorbia ќе ве одведе на поубави ... Кога ќе се спомене боенка за возрасни сите прво помислуваме на Ивана Горичан и н...
Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резерваци... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Јутјуберот Бобан Бошевски од Битола - има 14 години, интернационални н... Приказните за светските Јутјубери често знаат да им го свртат вниманието на луѓе...