„Ако не ви се вежба - пешачете“: Совети од Ева Таневска за празничните денови

„Ако досега не сте стекнале навика за вежбање, почнете да пешачите на најблиската планина или повисоко место - ова е најдобра опција за празничните денови. Не постои детоксикација со магичен напиток, тоа го прави црниот дроб, но можете да му направите хидратација на телото со неколку здрави навики секое утро“, вели кросфит тренерот Ева Таневска. 

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-01.jpg

Ева Таневска (24) веќе 5 години е во светот на кросфитот и фитнесот, а работи и како кросфит тренер во Team Basement. Таа паралелно ја подготвува својата магистратура на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Со своето долгогодишно искуство во вежбањето и фитнесот, но и исхраната, Ева советува како да останете во форма за време на празниците, но и што да направите да не се „улежите“.

За CRNOBELO.com откри и дали постои напивка за детоксикација која го чисти телото по деновите кога се опуштаме, па јадеме и пиеме најмногу, без да внимаваме на калориите и комбинациите на храна и алкохол.

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-02.jpg

Ова се советите на Ева, а до кои се придржува и самата, поради своето лично искуство:

Луѓето вообичаено се „улежуваат“ во деновите околу празниците, прво Нова година, па Божиќ... Како да останат во форма и да не се опуштат или да не се здебелат?

Ова е најголемиот проблем поврзан со секојдневните навики на луѓето во нашето општество.

Сметам дека единствен начин да се подобриме овој период е да избегнеме седење дома, па не мора да одиме во теретана, но барем да пешачиме или да се искачуваме на планина, особено што и воздухот во градовите сега е најзагаден.

Затоа, ако досега не сте стекнале навика за вежбање, вложете го своето време во пешачење на најблиската планина или повисоко место – ова е најдобра опција за овие празнични денови.

Со искачување и пешачење ќе имате придобивки од чистиот воздух, сонцето и циркулацијата која ќе ја добиете од движењето.

Истовремено ќе потрошите и значително повеќе енергија отколку од седење дома.

Со ова директно ќе си го подобрите и здравјето и квалитетот на денот.

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-03.jpg

А што е со исхраната? По празниците полни со калорична и мрсна храна, кои се твоите препораки за детоксикација? Постои ли некој пијалак за детокс со кој најчесно ќе се исчисти организмот и од алкохолот, и од останатите „отрови“?

Во однос на овој период, а и секој друг обичен ден, принципите за јадење и пиење треба да ги направиме наједноставни за да се најизводливи.

Поради тоа јадењето многу храна треба да биде проследено со пиење многу вода за телото да може полесно да ја вари храната.

Најдобро нешто што може да направите е да пиете голема количина на вода, 1 до 1,5 литри меѓу два оброка.

Не постои детоксикација со магичен напиток, тоа го прави црниот дроб, но можете да пробате да му направите максимална хидратација на своето тело со неколку здрави навики секое сабајле.

Совет кој би го дала за утринска хидратација е да се пие половина литар вода со сок од 1 лимон, прстофат хималајска сол и 1 лажица јаболков оцет. Овој напиток го хидрира телото и тоа останува свежо.

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-05.jpg

Кога е вистинско време луѓето да се вратат на вежбање (особено ако се мрзеливи во текот на празничните денови и не им се вежба)?

„Најдобар ден да почнеш со вежбање е вчера, а втор најдобар е денес“.

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-04.jpg

Кој е најбрзиот и најдобар тип на тренинзи за враќање во форма? Какви вежби се препорачливи?

Нема најдобар метод, има само конзистентност во вежбањето. Затоа не се ограничувајте на типовите вежби.

Што и да вежбате, нема да згрешите, сè додека сте постојано во движење.

Тука би предложила 3-4 пати неделно вежбање за секој почетник, со цел да имате бенефит на долгорочно ниво.

А по некое време ќе видите бенефит од лачењето на хормоните на среќа, ќе се чувствувате поенергично, ќе почнете да ги исфрлате токсините од телото.

ako-ne-vi-se-vezhba-peshachete-nautro-pijte-napitok-od-limon-i-ocet-soveti-od-eva-tanevska-za-praznichnite-denovi-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...
Љубовната приказна на Американец женет со Македонка: „Ева ме запроси прва, правевме 3 свадби, но сак... „На крајот направивме вкупно 3 свадби. Прво се венчавме во судница во Санкт Пете...
Сашко Коцев: „Секој поминал низ фаза на врсничко насилство, кога детското задевање станува забава за... „Родителите треба да разговараат со децата за врсничкото насилство и да ги упату...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg