Победете ги стереотипите на работа

pobedete-gi-stereotipite-na-rabota-povekjeАлапача, мрза, пропалица, баксуз, се едни од „етикетите“ кои колегите со задоволство си ги припишуваат и кои можат да ве кочат во напредувањето на работа.


За да го избегнете тоа, за почеток дознајте, од доверливи извори, што се зборува за вас по ходниците, потоа смислете план како да „излезете“ од стереотипите.

Трачарење

pobedete-gi-stereotipite-na-rabota

Ако имате потреба за постојано трачарење на работа, сузбијте го тоа така што ќе си зададете повеќе работа. Исто така можете оваа потреба да ја ублажите со безопасни разговори за познати актери и пејачи.

Игнорирајте ги злобниците

Ако работите со колега кој сака негативно да зборува за другите или вас да ве обвинува за своите грешки, бидете постојано внимателни. Ќе го победите единствено ако го игнорирате.

Его манијак

Ако не престанете да зборувате за своите достигнувања, да мислите дека секогаш сте во право и апсолутно никогаш не грешите, веројатно сте во категоријата „егоманијак и нарцис“. За да бидете омилени, за почеток поделете им по некој комплимент на колегите за добро сработена работа.

„Деловен пар“

Колеги што не се во сексуална врска, но оставаат таков впечаток се еден од стереотипите. Ќе ги препознаете по тоа што кокетираат по цел ден и постојано се шегуваат.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg