Споделуваме искуства: На пракса во Полска

spodeluvame-iskustva-na-praksa-vo-polska-povekjeСакате да ги развиете своите лидерски способности? Можеби да патувате? Секој млад интелектуалец денес сонува да биде најдобар во својата област...


...да патува низ светот и да ги усовршува своите знаења. Често се прашуваме дали всушност тоа може да се случи и навистина?

Одговорот е едноставен. Секако дека може.

АИЕСЕК е вистинското  место каде што можете да го направите првиот чекор кон вашата цел - најголемата студентска организација која  има цел  да ги развива младите луѓе, како лично така и професионално, и токму затоа им нуди различни можности на сите студенти. А, оној што ги искористил, сигурно не зажалил и може да ни раскажува.

Александар Мазни е уште еден задоволен студент кој ги искористи бенефициите на АИЕСЕК работејќи на проект на UN во Полска.

spodeluvame-iskustva-na-praksa-vo-polska

Мојата пракса ја поминав во неколку различни градови во Полска. Работата ми беше таква што секоја недела работевме во различни градови на земјата, вкупно 8. Инаку, праксата  се состоеше во држење  предавања и интерактивни симулации на часовите по англиски јазик во средните училишта. Темите на овие предавања беа мир, толеранција кон другите,  милениумските развојни цели на UN и сл. се со цел  да се влијае врз развојната младина во Полска.

Покрај тоа, по сопствена иницијатива посетив и уште неколку други градови, и секако, искуствата беа неверојатни. Како и да е, покрај прекрасната можност за работа во престижна организација како што се UN, се здобив и  со голем број пријатели со кои секојдневно се дружевме. Благодарение токму на нив, прилагодувањето кон новата средина и новиот начин на живот беа значително полесни.

Мора да се напомене дека животот и стандардите во друга земја сепак се многу поразлични од нашата и бараат време за адаптирање. Како и да е, праксата остварена преку една организација како АИЕСЕК  е едно убаво искуство преку кое ќе запознаете многу нови луѓе и култури и секако, професионално ќе се воздигнете.

Само ваква организација може да ви понуди да го искусите духот на големите организации и компании  кои не постојат во нашата земја  или е незамисливо до нив да стигнеме. А, да се биде дел од работна атмосфера која е тешко да се замисли во наши стандарди и притоа да се искусат уште многу убавини кои околината ги нуди е нешто што ретко ни се нуди.

Затоа, на секој би му препорачал да не губи време и да аплицира за својата пракса што е можно поскоро!

Затоа, не размислувајте премногу. Пронајдете ја својата соодветна пракса. Регрутацијата е во тек. Посетете ја нашата страница aiesec.org.mk или посетете ги канцеларијата на АИЕСЕК при Економскиот факултет во Скопје и канцеларијата во Прилеп.

Можете и веднаш да аплицирате на следниот линк https://spreadsheets.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dDI4eTYtWnFEWEpPbUh4TE1JYzdXQkE6MQ

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg