Како треба да изгледа вашето CV?

kako-treba-da-izgleda-vaseto-cv-povekjeАнгела Костова Трпеска (T-mobile Македонија) e HR професионалец со огромно искуство во областа на менаџирање на човечкиот капитал и развој...


...на тренинг програми за специфични потреби.

Ќе имате можност да чуете за нејзиното искуство и совети за вас во рамките на конференцијатаКако да се вработите во мултинационална компанија“ во организација на Triple S Group.

Ова се нејзините практични совети како треба да изгледа Вашето CV:

Во овој дел ќе Ви дадам неколку успешни техники кои се однесуваат на изгледот на CV-то, а ќе Ви помогнат да го освоите потенцијалниот работодавец.

Општо за изгледот

  • На ниту една страница од CV-то не треба да стои целосниот назив „CURRICULUM VITAE“. Тој што го чита знае точно што е документот што го има пред себе. Наместо овој назив, многу е подобро првата работа што ќе ја напишете на горниот дел од листот да биде Вашето име, на средината на редот, со задебелени, големи букви.
  • Адресата, телефонскиот број и електронската адреса ставете ги под името со помали и не задебелени букви. Овие податоци може да бидат на средина на редот, исто како и името, или да ги ставите порамнети по левата маргина.
  • Не користете потцртување, изгледа неубаво на страницата, а уште полошо кога документот ќе се фотокопира.
  • CV-то испечате го еднострано. Двостраното печатење не ви го препорачувам бидејќи при копирање лесно може да се заборави да се ископира задната страна на страницата. За печатење на CV-то одберете хартија со добар квалитет во бела боја или некоја многу бледа жолта, односно кремаста хартија. Печатете го CV-то само на ласерски печатач! Ако дома немате таков, обратете се кај некој пријател или одете во интернет кафе.
  • Во CV-то треба да има само текст. Никакви слики, цртани ликови и слично, не се дозволени. Дозволено е само да ставите Ваша фотографија во формат како за личен документ, и тоа само ако во огласот за работа е наведено дека се бара фотографија.
  • За испраќање на CV-то, користете плико во А4 формат, за да не го превиткувате. Ако го испраќате CV-то по електронски пат, напишете кратка порака во која го известувате примачот дека го испраќате своето CV и мотивационо писмо, а двата документи закачете ги како додаток на пораката, во PDF формат.

Наслови

Кога станува збор за насловите, најважно е тие да бидат напишани на ист начин низ целиот документ. Ако сте почнале со првиот наслов со задебелени букви во големина 12, секој нареден наслов треба исто така да биде со задебелени букви во големина 12. Една од можните шеми е:

  • Име: големина на букви 20, задебелени, тип на букви Mac Helv
  • Главни делови (работно искуство, образование, обуки, способности): големина на букви 14, задебелени, тип на букви Mac Helv
  • Поднаслови (на пример поделба п области на задолженија во делот работно искуство): големина на букви 12, задебелени, тип на букви Mac Helv
  • Текст: големина на букви 10 или 11, незадебелени, тип на букви Mac C Times

Празно место

Оставете барем еден празен ред по секој наслов. Премногу збиениот текст на страницата може да го збуни читателот или, уште полошо, да му се создаде одбивност и тој да не го прочита CV-то бидејќи му е тешко да ги пронајде потребните информации. Препорачливо е на двете страни, лево и десно, да се остават маргини од најмалку 1 см, а најмногу 2,5 см.

Тип на букви

Типот на букви мора да биде ист низ целиот документ, односно може да користите најмногу два типа на букви, на пример, еден тип за насловите, а друг за текстот. Не се препорачува користење на „забавни, весели, разиграни“ типови на букви бидејќи CV-то е професионален документ, а не сликовница или покана за роденденска забава. Од македонските типови на букви користете Mac C Times, Mac Helv  и Mac C Swiss. Ако пишувате CV на англиски тогаш користете Arial или Times New Roman.

Точки (Bullet Points)

Точките најтопло Ви ги препорачувам бидејќи со нив се добива на прегледност во документот, информациите лесно се читаат и можеме веднаш да го најдеме она што ни треба. Сепак, не претерувајте со премногу и прекратки информации поделени во многу точки; доколку е неопходно да наведете повеќе покуси информации, групирајте ги во една реченица и таа нека биде една точка.

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg