10 совети за презентирање и зборување пред јавност

Да се чувствува трема пред јавно говорење е нормално, па дури и продуктивно, но премногу нервоза може да наштети.

 10-soveti-za-javno-govorenje

Еве неколку совети за тоа како да ги контролирате вашите пеперутки во стомак и да се покажете во одлично светло.

1. Добро научете го она за што ќе гозборувате. Доколку имате можност сами да изберете за што ќе зборувате, нека биде тоа тема која ваш лично ве интересира, Секогаш знајте повеќе од она што ќе го кажете. Употребете хумор, лични примери и зборувајте разговорно.

2. Вежбајте, вежбајте, вежбајте! Вежбајте гласно заедно со сета опрема која планирате да ја користите. Јасно изговарајте ги зборовите, вежбајте како да правите пауза за да земете здив. Мерете го времето и пресметајте екстра минути за секој случај.

3. Запознајте ја публиката. Поздравете некого од публиката како што ќе пристигне. Полено е да се зборува пред познати.

4. Проучете ја просторијата. Дојдете порано и прошетајте низ неа, заедно со микрофонот и другите визуелни помагала.

5. Релаксирајте се. Дајте и време на публиката да се смири. Тоа ви купува нерви и ги смирува и вашите нерви. Направете пауза, насмевнете се и избројте до три. Почнете!

6. Замислете се себе си како ќе изгледате. Замислете како зборувате гласно и јасно со самодоверба. Замислете како публиката ви аплаудира – тоа ќе ви ја зголеми самодовербата.

7. Сфатете дека и публиката сака говорот да биде успешен. Тие ќе ви помогнат, ќе ве стимулираат бидејќи и тие сакаат да им биде забавно.

8. Не се извинувајте ако сте нервозни, или ако се појави друг проблем. Публиката најчесто нема ни да забележи.

9. Концентрирајте се на пораката која ја пренесувате – не на медиумите. Фокусирајте се на она што го зборувате и на вашата публика, медиумите сами ќе си ја завршат нивната работа.

10. Стекнете искуство. Главно вашиот говор треба да ве отсликува вас како личност и како авторитет. Искуството гради авторитет кој е клучен за ефикасно зборување.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg