Техники за ослободување од стресот на работа

Ако сте под постојан стрес на вашето работно место, масажата од два часа би направила чуда. Но, за жал и за тоа многумина немаат време. Затоа, научете ги овие неколку брзи техники кои ќе ви помогнат стресот да го држите под контрола.

kako-da-go-kontrolirate-stresot-na-rabotnoto-mesto-01

Слушајте. Во текот на работното време одвојте неколку минути и концентрирајте се на околината, дишењето на вашите колеги, звуците кои доаѓаат од надвор и за момент запрете го она што го правите.

Гледајте. Неколку пати во денот фрлајте поглед на фотографијата од своето семејство, миленичето или кон местата на кои би сакале да сте сега.

Бројте. Секогаш избројте до десет, колку и да сакате да кажете нешто веднаш. Ќе се поштедите од непотребни кавги и непромислени разговори.

Чистете. Користете го чистењето како ментална вежба, а не физичка. Во текот на денот одвојте по неколку минути за работите кои ви се случиле, а не се баш најпријатни. Со замислена гумичка ослободете се од сите непотребни мисли.

Додека седите во затворената просторија сигурно ќе ви затреба време за мало раздвижување и освежување, па затоа не се лишувајте од тоа. Испробајте ги и овие неколку трикови.

Одете на две минутно патување

Уште една ментална вежба која моментално ќе ве освежи. Со мислите отпатувајте на некоја дестинација која ви буди позитивно чувство. Оваа техника ви помага сами да одберете како ќе се чувствувате во стресната ситуација.

Сурфајте по страни кои ве опуштаат

Не се казнувајте и покрај тоа што постојано ве контролираат. По 15 минути во денот е сосема нормално да сакате да се опуштите и да ја посетите вашата омилена страна.

kako-da-go-kontrolirate-stresot-na-rabotnoto-mesto-02

Симнете си апликација која ве опушта

Ако вашиот мобилен телефон ве асоцира на нешто напорно и неподносливо, веднаш променете го тоа. Симнете си апликација која ќе ја користите секојдневно, а нема да ви биде обврска туку задоволство.

Секогаш при рака имајте етерични масла

Етеричните масла ќе ви помогнат да се опуштите за само неколку секунди. Секогаш околината нека ви мириса на лаванда, цитрус или ванила.

Движете се

Паузата искористете ја за движење, шетање, појадок и кафе од нога, а не повторно седење во некој од блиските локали. Истегнете ги мускулите, вдишете длабоко, а потоа без проблем вратете се на работното место.

Јадете портокали

Агрумите се одличен начин да се ослободите од стресот. Витаминот Ц ја олеснува напнатоста, имајте го тоа на ум.

Слушајте музика

Секојдневното слушање на музика може да ви помогне да го задржите стресот под контрола. Проверете го расположението и подгответе си плејлиста која ве смирува.

Испробајте нови вежби за дишење

Длабоко дишење е еден од најефективните начини да се ослободите од стресот. Вежбите за дишење може да ги практикувате во било кој дел од денот, на било кое место.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg