Бон - тон правила за јадење на работа

Постојат правила за јадење во канцеларија кои треба да ги почитувате доколку не сте сами во неа и ако често влегуваат луѓе.

bon-ton-pravila-za-jadenje-na-rabota-01

Не се должни колегите да го поднесуваат мирисот на одредена храна, звукот на вашето пиење или да ги чистат вашите остатоци од храна.

Затоа внимавајте на следниве правила:

1. Непристојно е да јадете пред личност која не учествува во оброкот, но, од друга страна, никој не очекува дека оброкот кој сте го подготвиле за вас треба да го поделите со сите колеги кои се присутни во моментот. Обидете се да јадете на место каде ќе бидете сами.

2. Доколку некој од колегите ви побара услуга додека јадете, учтиво прашајте дали може да дојдете кога ќе завршите со оброкот и дајте одредена временска граница од околу 10 минути.

3. Вашиот оброк не смее со мирисот да привлекува внимание, ниту позитивно ниту негативно и никој не треба да ве слуша додека џвакате, јадете супа или пиете нешто бидејќи во спротивно ќе станете мета на исмејување во канцеларијата, со право.

4. Во случај да постои заедничка кујна, исто така има правила. Вашиот пластичен сад со храна во фрижидерот треба да биде означен со вашето име и неговата големина не смее да зазема половина простор од внатрешноста на фрижидерот. Садовите кои се внатре и не се обележани со име, не треба да ги чепкате.

5. Не е препорачливо да јадете пред компјутер или онаму каде ја вршите работата. Особено не, храна која е мрсна или течност која може да се истури.

 bon-ton-pravila-za-jadenje-na-rabota-1

6. Правилата за чистење, одржување хигиена и миење садови мора да бидат јасно напишани и познати на сите за да се придржуваат.

7. Храната не треба да ја оставате во фрижидерот преку викенд, туку да ја фрлите или земете со вас на последниот работен ден.

8. Микробрановата печка не служи за да готвите храна на работа, туку само да ја подгреете. Додека го правите тоа, бидете во кујната. Не излегувајте, па  да ја заборавите храната дека сте ја ставиле во микробранова или кафето кое го варите на шпоретот.

bon-ton-pravila-za-jadenje-na-rabota-2

9. Правило за пристојно однесување е и да си ги измиете садовите кои ги оставате по оброкот.

10. Доколку случајно некој друг ви го изеде јадењето од фрижидерот или не се однесува коректно, не треба да се расправате, да викате и да ги обвинувате сите, туку да оставите интелигентна порака со која ќе им дадете до знаење на сите дека забележувате што се случува, па сигурно би се предомислиле следниот пат.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg