Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 совети за среќен и продуктивен ден на работа

Работата не секогаш мора да биде напорна. Во само 10 чекори можете да се расположите и да бидете многу попродуктивни во вашата канцеларија.

10-soveti-za-sreken-i-produktiven-den-na-rabota-01

1. Подгответе се ноќ претходно

Наутро е многу потешко да се подготвите, посебно ако тешко се расонувате. Затоа, пред спиење подгответе се што планирате да носите утре дента. Покрај тоа, спакувајте си и здрав појадок или ручек за да си ја обезбедите дневната доза на витамини и енергија.

2. Будете се 15 до 30 минути порано

Дајте си барем 15 минути наутро, или повеќе ако ви е потребно. Начинот на кој ќе го започнете денот е многу важен, па дајте си себеси малку време за позитивен и организиран почеток.

3. Започнете го денот со сонце и свеж воздух

Се чувствувате поспано? Тоа не мора да трае долго. Излезете надвор или само отворете го прозорецот, без разлика колку и да е студено. Свежиот воздух и зраците сонце ќе ви го зајакнат имунитетот, а воедно и ќе ве разбудат. Вдишете свеж воздух најмалку 10 пати. Ќе се чувствувате како да сте испиле 10 голтки кафе.

4. Барајте ги позитивните работи од самиот старт

Затоа што не можете да бидете инспирирани и позитивни секогаш, поттикнете си ги мислите со некое среќно видео. Денот ќе ви биде многу подобар ако го започнете со насмевка.

5. Денот започнете го весело

Додека патувате накај работа, направете нешто среќно. Слушајте музика, составете си своја плеј-листа и не се плашете или срамете да си потпевнувате. Или уште подобро, соберете ја својата колешка и започнете го денот со неколку пријателски шеги и насмевки.

6. Обидете се да ги разберете сите околу вас

Факт е дека неретко се случува да ве изнервираат колегите на самиот почеток на денот. Сепак, обидете се да ги разберете. Тие можеби не знаат како да си го разубават денот, но запаметете дека тоа не значи дека треба да ви го расипат вашиот.

7. Подредете ги обврските по тежината

Најпрво завршете ги најтешките задачи, потоа најстресните, а на крај оние кои ќе ви одземат најмногу енергија. Одолејте и на утринската долга пауза, па наместо тоа земете си 2 пократки и распоредете ги тогаш кога најмногу ќе ви требаат.

10-soveti-za-sreken-i-produktiven-den-na-rabota-02

8. Потсетете се зошто го правите она што го правите

Колку и да сте подготвени, понекогаш стресните ситуации нема да ве одминат. Ако се почувствувате нервозни и под притисок, време е да излезете од канцеларијата. Одете до најблискиот парк, дишете длабоко и размислете зошто во моментот го работите она што го работите. Сигурно ќе најдете барем една добра страна.

9. Фокусирајте се на позитивните нешта

Обидете се да ги избегнете трачевите и озборувањата, а наместо тоа посветете се на позитивните приказни и успесите кои вашите колеги ги доживеале. Ако некогаш потфрлите, “казнете се” така што за секој лош збор ќе надоместите со 3 добри мисли, зборови или чувства.

10. Насмевнете се

Тоа ќе ви го направи денот и животот подобар! Не заборавајте дека една крива линија може да исправи многу работи!

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg