Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали знаете отворено да дискутирате?

Пред некој ден, на една од охридските плажи, имав една убава дискусија со пријателка која го имаше прочитано советот за срамот.

dali-znaete-otvoreno-da-diskutirate-01

Дискусијата беше многу отворена (едно мало појаснување: кога зборувам за отворена дискусија, мислам на искрена и без некоја позадина, без некоја зла намера или идеја дека треба некого да уверам во тоа дека мојот став е правилен, но и да бидам отворен и подготвен на промена на мојот став) и искрен, можеби поради тоа што долго време се познаваме, но мене ме поттикна да истражувам малку повеќе околу тоа - дали водиме отворени или затворени дискусии.

За жал, испадна дека во поголемиот број случаи, дискусиите не се многу отворени и се со однапред  предвиден крај од тој/таа што ја започнале дискусијата.

Тоа е така затоа што на соговорниците со кои имаме дискусија не им даваме многу време за подготовка, а и гледаме да си го истераме своето, но и поради тоа што не сме многу отворени за различни ставови од нашите.

Ова последното е многу поврзано со нашиот став, генерално кој неколку пати го имаме разработено преку овие неделни совети, а се сведува на: или ќе биде како што јас ќе кажам или нема да биде никако!

Поттикнат од резултатите од тоа микроистражување, решив да споделам со вас совети како да имате отворена и искрена дискусија со вашите колеги, пријатели, роднини и итн.

Одредете ја темата

 -Во зависност од тоа што сакате да се дискутира, ќе треба да ја дефинирате темата. Темата ќе им помогне многу на сите барем малку да се подготват.

Подготовка

– Подгответе се за темата за која сакате да дискутирате, но споделете и со оние со кои сакате да дискутирате на темата, за да може и тие да се подготват.

Одберете почеток

 – Ако веќе вие ја наметнувате дискусијата, тогаш бидете подготвени за почеток. Одберете прашања или аргументи што сакате да ги споделите со сите и убаво образложете ги.

Одржувајте ја живоста на дискусијата

 – Имајте секогаш „џокер“ во ракав и бидете подготвени да се „извадите“  со него кога ќе замре дискусијата. Одржувајте го тонусот на дискусијата цело време.

Имајте аргументи

– Добро подгответе се. Немојте да бидете површни.

Учете

 – Има многу работи кои можеби не ги знаете и бидете подготвени за учење. Не сте секогаш во право! Ако сакате може да ја водите дискусијата од познато во непознато, па пак во познато.

Пријателски однос

– Во зависност од дискусијата и дискутантите, имајте секогаш пријателски и отворен однос. Нормално, сето ова зависно од позицијата и од околината.

Сумирајте

– Сумирајте си сами на себе си или групно. Дополнително на ова, ако сте научиле нешто ново, гледајте да го запишете тоа или некако да го меморирате.

Што и да правите, бидете од сега натаму отворени во дискусиите. Немојте завиено да зборувате.

Никој не ви мисли лошо, а тие што ви мислат лошо, колку и да се пазите од нив, ќе ви мислат лошо. Немојте поради таквите вие да се менувате.

dali-znaete-otvoreno-da-diskutirate-3.jpg

Со успех во промените,
Калин Бабушку
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg