Овој човек е одговорен за богатството на Бил Гејтс

Бил Гејтс важи за најбогат човек во светот со богатство кое се проценува на $81,6 милијарди долари, а секоја година е сè побогат и побогат.

ovoj-covek-e-odgovoren-za-bogatstvoto-na-bil-gejts-01

Неговата тајна е Мајкл Ларсон. Тоа е личноста која стои зад сите инвестиции. Бил Гејтс него го ангажирал пред 20 години кога неговото богатство било проценете на „само“ 5 милијарди долари.

Ларсон тогаш го преземал водењето на личните инвестиции. Неговото богатство тогаш зависело од работната компанија на Микрософт, но тогаш Ларсон почнал со продажба на обврзници и инвестирање во други компании.

Иако се сметало дека Бил Гејтс вложува во IT компанија и дава многу пари во хуманитарни цели, дел од тоа Ларсон го искористил за купување недвижнини и за вложување во компании кои се занимаваат со транспорт.

ovoj-covek-e-odgovoren-za-bogatstvoto-na-bil-gejts.jpg

На почетокот на февруари Бил Гејтс направил гала хуманитарна вечер во својата вила во Сиетл за да му се заблагодари на Ларсон за долгогодишната соработка.

Тоа бил еден од ретките моменти кога тие двајца се дружат бидејќи не се сметаат за пријатели, туку за партнери и немаат пријателски однос.

Ларсон ги користи парите на Бил Гејтс за паметни инвестиции, а тој е сопственик на дел од ланецот хотели Four Season, како и хотелот Ritz-Carlton.

Бил Гејтс со својата сопруга Мелинда дал ветување дека 95 отсто од своето богатство по смртта ќе го даде во хуманитарни цели, а до тогаш Ларсон има задача постојано да го зголемува.

ovoj-covek-e-odgovoren-za-bogatstvoto-na-bil-gejts-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg