Оваа убавица е тајното оружје на Google

Париса Табриз е можеби една од најважните луѓе на светот, а себе сака да се нарекува „Безбедносна принцеза“. Таа е главното тајно оружје на Google, а нејзината работа е да нè штити сите.

ovaa-ubavica-e-tajnoto-oruzje-na-google-01

Оваа млада девојка е професионален хакер, а задачата на нејзиниот тим е да штити околу милијарда корисници на пребарувачот Google Chrome, како најпопуларeн интернет пребарувач во светот.

Париса (31) ги руши сите предрасуди како една од ретките жени - хакери и како шеф на машки тим од експерти задолжени за безбедноста на Google.

Оваа весела девојка, иако се занимава со сериозна работа, не ја симнува насмевката од лицето. Смета дека називот на нејзината професија „Инженер за информатичка безбедност“ е прилично досаден, па таа на својата визит-карта како професија има напишано: „Безбедносна принцеза“.

Компанијата Google е една од првите компании од познатата Силиконска долина која откри дека 30 од 100 вработени се жени.

Оваа девојка со иранско - полско потекло, магазинот „Forbes“ во 2012 година ја смести во топ 30 личности помлади од 30 години, што било голема чест за неа.

- Се сеќавам кога во училиште правевме тест за професионална ориентација, тогаш ми излезе дека идеална професија ми е полицаец. Се смеев на тоа, но сега навистина сум полицаец на некој начин - раскажува Париса.

Таа тврди дека немала допрено компјутер до првиот ден од студиите на Универзитетот во Илиноис, каде што се запишала на насоката за компјутерски инженеринг.

ovaa-ubavica-e-tajnoto-oruzje-na-google-1

Париса на своето работно место место видела сè, од криминалци кои сакаат да откријат нечија банкарска сметка, преку организирани хакери познати како „Анонимуси“, сè до оние кои се обидуваат да го срушат иранскиот Google систем.

Оваа девојка умее да „влезе“ во мозокот на хакерите и се труди да размислува како нив, бидејќи нема како поинаку да си ја заврши работата успешно.

Кога подучува други хакери, Париса им кажува да замислат како хакираат автомат за слатки, но потоа наместо автоматот да ја замислат технологијата.

Така веднаш откриваат кој од нејзините колеги има доволно имагинација и доволно е храбар за да проба да направи некои работи.

Компанијата Googlе исто така има политика на плаќање одредена сума пари на надворешни хакери кои им помагаат за да ги решат ваквите проблеми.

Париса смета дека тоа е одличен начин за луѓето да се држат на своја страна, а не да се борат против нив.

Париса сега подучува деца помлади од 16 години и им објаснува како да хакираат за доброто на светот, а пред сè сака да ги поттикне и девојките да учествуваат во тоа.

ovaa-ubavica-e-tajnoto-oruzje-na-google-2

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg