10 Основни особини на еден лидер

Лидерството е способност да се преземе голема одговорност. Лидерите се луѓе од акција кои се фокусирани на крајната цел.

10-osnovni-osobini-na-eden-lider-1

Секој лидер како главна особина поседува иницијатива. Таа означува правење на некоја работа, уште пред да ви биде кажано или побарано да ја завршите. Иницијативата е подлога за лидерство и таа е неопходна за успехот.

Погледнете ги главните особини на иницијативата и лидерството и дознајте дали ги поседувате и во која мера.

Работете на карактеристиките кои ви недостигаат, за да станете подобар лидер:

1. Морате да ја знаете вашата цел.

2. Составете практичен план или планови за она што сакате да го постигнете.

3. Опкружете се со луѓе кои имаат знаење и искуство, кои се потребни за остварување на целта.

Имајте доволно верба во себе и во своите планови за да можете да ја видите целта во реалноста, уште пред да се оствари.

5. Не се обесхрабрувајте без разлика на препреките. Ако ви пропадне еден план, заменете го со друг.

6. Фактите се основа за сите планови.

7. Не дозволувајте никој да ве премисли од вашите цели.

8. Лидерот мора да се посвети на својата задача без да ги ограничува часовите поминати на работа.

9. Концентрирајте се на една работа во моментот. Штедете ја својата енергија и мисли.

10. Имајте добар систем за проверка на работата која ја вршат подредените. Секогаш имајте на ум дека неуспехот на поединецот е и ваш неуспех. 

Колку од овие особини поседувате?

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg