Како да станете милионер пред да наполните 30 години?

Стекнувањето на богатство и милиони е табу тема и доколку некој ве уверува дека истото може да го имате пред да наполните 30 ќе ви звучи неостварливо, но доколку ги следите овие 9 правила ќе сфатите дека е возможно.

kako-da-stanete-milioner-pred-da-napolnite-30-godini-001

1. Следете ги парите

Доколку постојано размислувате за нив и околу тоа како да ги добиете, со нивно следење и посветеност, бидете сигурни дека наскоро ќе ве забележат и ќе скокнат во ваши раце.


2. Не се кријте, туку истакнувајте се!

Наместо да се плашите и срамите од вашите способности и таленти колку и да изгледаат откачени, не ги прикривајте, туку истакнувајте ги. Само на тој начин „ризикувате“ некој да ги забележи и да ви плати за да ги истакнувате уште повеќе.


3. Штедете за да инвестирате, не штедете само за да имате

Не штедете само за да се чувствувате како да правите нешто паметно, штедете за заштедата да ја инвестирате во она во што верувате. Парите под перница нема самите да се размножат, нели?


4. Ако сте добри во работата, не ја правете за малку пари или бесплатно

На почеток е дозволено да работите за малку пари или бесплатно сè додека не се истакнете доволно, бидејќи тогаш сте во еуфорија и работата ви е поважна од платата. Но, понатаму никако не дозволувајте да работите за џабе доколку вашата работа резултира со огромен успех.


5. Однесувајте се со парите како со љубоморен партнер

Милионите се како љубоморен партнер, доколку не им обрнувате внимание или ги игнорирате тие ќе заминат во рацете на некој што ќе ги гледа како приоритет. Затоa однесувајте се со нив на начин на кој никогаш нема да дозволите да ви избегаат од раце.


6. Сиромаштијата е болест

Секој заслужува да живее во изобилство, а тој што мисли дека не е способен да го добие истото е болен, бидејќи сиромаштијата е болест која мора да ја излечите со помош на вашите мисли и доволна упорност проследена со желба доколку навистина сакате да бидете богати.

kako-da-stanete-milioner-pred-da-napolnite-30-godini-3

 7. Следете ги постапките на богатите луѓе

Никогаш не следете постапки за ракување со парите од вашите пријатели, родители или партнер, бидејќи доколку нивните постапки биле правилни досега вие би биле пријател, љубовник или дете на милионер, нели? Следете ги постапките на успешните и богатите бидејќи само тие ја знаат тајната.


8. Заработените пари вложувајте ги во вашите соништа

Заработените пари никако не ги чувајте за украс, вложувајте во вашите соништа и цели бидејќи резултатот ќе биде неизбежен доколку навистина верувате во себеси и своите способности.


9. Стремете се кон 10 милиони, не само кон еден милион

Иако и ова е една „клише" изрека, најдобро е да се стремите кон повеќе и да добиете помалку, но никогаш да не се задоволувате со тоа малку, туку да се стремите кон уште повеќе. Доколку се стремите кон 10 милиони, а добиете еден милион, ќе останете доволно мотивирани за повторно да добиете милион плус што ќе ве одведе едно скалило погоре до вашите 10 милиони.

Со среќа!

kako-da-stanete-milioner-pred-da-napolnite-30-godini-1

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg