Учете од најуспешните: Милијаредер ви открива 6 насоки до богат живот

Еден од најуспешните бизнисмени и најбогати луѓе на светот, Ворен Бафет е познат по својата компанија вредна околу 300 милијарди долари, но и по несебичните совети кои ги дава за успехот и богатството.

ucete-od-najdobrite-milijarder-vi-otkriva-6-nasoki-do-bogat-zivot-01.jpg

Ворен Бафет смета дека наместо брзото богатење треба да се фокусирате на штедење и да ги цените претходниците кои влијаеле на вашиот успех.

Тој предлага 6 насоки кои ќе ви помогнат да стекнете поголем финансиски успех во следната година:

1. Следете ја својата страст

Мора да сфатите што сакате и со што сакате да се занимавате, бидејќи тоа е најлесен начин да заработите. Ако го работите она што го сакате, нема да ви биде тешко и малку повеќе да се потрудите.


2. Фокусирајте се на штедење, а не на брзо богатење

Најголема грешка е ако на време не научите да штедите. Штедењето е навика. Не треба да се обидувате набрзина да се збогатите, бидејќи е невозможно и не треба да губите ни време ни пари верувајќи во илузии.


3. Не очекувајте премногу од соработниците

Имајте предвид  дека и најдобрите соработници може да ве изневерат и бидете подготвени на тоа. Секогаш треба да имате резервно решение.


4. Не мислете дека сте експерт

Ако не инвестирате во она во кое се разбирате и знаете дека носи профит, сè ставате на коцка. Поради тоа Бафет не би инвестирал никогаш во технологија, злато и воздушен сообраќај.

Мора да знаете до каде се вашите граници. Не се залетувајте да вложите во нешто што ќе ви донесе брза заработка, бидејќи може да завршите со уште поголема загуба.


5. Размислувајте и анализирајте

„Многу време поминувам во размислување, иако тоа не е типично за американскиот начин на работење. Колку повеќе читам и размислувам, толку помалку импулсивни одлуки донесувам, што е клучно за успешна работа.


6. Ценете ги претходниците и учете од нив

Почесто посветувајте внимание на своите претходници, бидејќи што и да правите, за вашиот успех тие се најзаслужни. Не сте само вие заслужни, туку и сите кои дале свој придонес. Не почнува сè од вас, освен ако навистина не сте измислиле нешто ново.

Потсетете се на поговорката: „Ако денес вие седите под сенка, некој одамна тука посадил дрво“.

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg