Кој станува лидер?

koj-stanuva-lider-povekjeРодители кои се строги за време на воспитувањето, кои поставуваат правила и ги тераат децата да учат од сопствените грешки - потенцијално...

 

...одгледуваат следен лидер.

Истражувачите од Торонто користеле податоци од долготрајни истражувања и koj-stanuva-liderоткриле дека децата кои се одгледувани во авторитативен родителски стил, каде родителите јасно ги поставувале границите и очекувањата, ја превземаат улогата на лидер на работа како и на училиште, или пак во друштво.

Таквите деца помалку се впуштаат во незгоди и кршење на правилата, додека децата без лидерски афинитет почесто ги преминуваат границите на дозволеното.

Доброто воспитување му дава шанса на детето во иднина да превземе лидерска улога. Шансата да учи со помош на родителите како да ги постигнува целите без да ги крши правилата - е најзначајна.

“Тоа не значи дека секое дете од авторитативни родители ќе стане лидер подоцна во животот, но има поголеми шанси“ - вели Мариа Ротундо професорка на Универзитетот во Торонто.

Ова истражување е уште една потврда дека никој не се раѓа лидер.

Генетските предиспозиции се само 30%, а останатото зависи од воспитувањето и образованието.

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg