Среќни на работа

srekjni-na-rabota-povekjeНа некои луѓе самата помисла на работата им предизвикува нерасположение и стрес. Тие веднаш помислуваат на милиони незавршени задачи, лоша...

 

Реклама

...работна атмосфера или колеги кои озборуваат со злоба.

Што ви е потребно за да бидете среќни на работа?

1. Мислете позитивно.

srekjni-na-rabota-1

Мислете на остварените резултати. Дружење со колегите ќе направи да се чувсвувате исполнето и среќно.


2. Бидете пријателски расположени.

Работното време поминува побрзо и позабавно, доколку работите со колеги кои ги почитувате и сакате. Бидете пријатели на работа и понекогаш надвор од неа за да создадете пријатна работна атмосфера во која ќе уживате.

3. Чувајте ги личните проблеми за себе.

Многу е тешко да бидете среќни на работа, ако сте преокупирани со лични проблеми. Исто како што е важно да не мислите на работата кога ќе се вратите дома, така е важно и да ги оставите личните проблеми дома, за да можете да се фокусирате и да бидете продуктивни на работа.

Зголемувањето на вашата продуктивност, ќе ви ја зголеми самодовербата, а со тоа ќе бидете позадоволни од себе и посреќни на работа.

4. Бидете организирани.

Организирајте ги вашите обврски. Кога ќе направите план за извршување на задачите, ќе знаете што точно ве очекува. Така ќе добиете чувство дека имате контрола над се, а тоа ќе ви даде поголема самодоверба и мотивација за обврските.

5. Наградете се.

После секоја добро завршена работа, излезете на вечера со пријателите. Оваа тактика ќе ви помогне сами да се мотивирате и ќе ви го подобри расположението.

И за крај - доколку не успеете да го зголемите нивото на среќа за определен период, запрашајте се дали навистина вашето место е во таа компанија. Сигурни сме дека квалитетни личности се секаде добредојдени.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg