Истуширајте се наместо да готвите: Што треба да правите штом се вратите од работа?

Кога ќе завршите со работа и ќе дојдете дома, сè што се случувало на вашето работно место треба таму и да остане. По работата треба да се одморите, а не веднаш да почнете да правите ручек или да чистите.

korisni-soveti-shto-treba-da-napravite-koga-kje-se-vratite-doma-od-rabota-01.jpg

Еден час пред крајот работниот ден направете листа на работи кои ги завршивте успешно и работи кои не успеавте да ги завршите на време. Завршете ги задачите кои не можат да се одложат, а остатокот оставете го за утре.

Пред да направите било што, легнете на каучот, барем неколку минути затворете ги очите и дишете длабоко. Не размислувајте за ручек, обврски, вежбање... Овие неколку минути нема да сменат ништо, а ќе ви значат многу.

На многумина им помага туширање или лежење во када 15-на минути. Тивка музика или добра книга ќе ве спасат од стресот.

Доколку сте имале многу напорен ден, не гответе. Можете да нарачате храна.

Опуштете се со шолја чај од камилица и мирис на лаванда. Читајте книга која ќе го подобри вашето расположение.

Играјте си со вашите домашни миленици и со вашите деца. Тоа ќе ве расположи, насмее и ќе ви ги наполни батериите.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg