5 тајни кои ќе ви помогнат да бидете личноста со која сите сакаат да зборуваат

Ако сакате да си ја подобрите комуникацијата со луѓето околу вас, мора да сакате да ја водите и искрено да се обидувате да ги промените лошите навики.

5-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-lichnosta-so-koja-site-sakaat-da-zboruvaat01.jpg

Наместо да прашувате излитени прашања од типот „како си? што правиш?“ кои најчесто продолжуваат со одговорот „Супер или еве“ постојат неколку начини со кои можете да го направите разговорот со луѓето околу вас поквалитетен и конструктивен.

Насмевнувајте се додека зборувате

Насмевката додека зборувате со некого па дури и да е преку социјалните мрежи, испраќа сигнал дека сте позитивна личност која шири пријатна енергија.

Многу истражувања покажале дека смеењето е добро за вашиот мозок и воопшто за здравјето.


Покажете повеќе позитивност

Користете ги речениците како „Баш супер што се видовме“, „Многу ми е мило за тебе“. Овие реченици секогаш влијаат позитивно на соговорникот.


Избегнувајте очигледни работи

За да воспоставиме некаква комуникација многу често зборуваме за нешто што веќе е сосема очигледно. Нема да погрешите ако ги избегнете темите за муабет кои се клише.

Како на пример, наместо „си ослабела“ кажете „изгледаш одлично“. Или пак, наместо „Што правиш вечер“, прашајте „Кога ќе одвоиш време да се видиме?“.


Покажете дека навистина сакате да го продолжите муабетот

Покажете дека сте заинтересирани и дека не возвраќате само механички. Така ќе стекнете доверба и емпатија кај луѓето.

Задржете го интересот за туѓите зборови, а потоа зборувајте за заедничките интереси и достигнувања, искуства и соработки. Интересирајте се, прашувајте, посочувајте...


Посветете внимание на невербалните знаци

Вашата невербална комуникација кажува повеќе отколку самите зборови. Забележете го пристапот на соговорникот и поставете се на истата фреквенција.


Плус совети како да станете подобар соговорник

Разговорот е уметност, колку сте подобри толку повеќе ќе сакате да го совладувате. Читајте многу,читајте сè што ќе ви падне во рака, весници, книги, статии...

Гледајте телевизија и обидете се да забележите како актерите се однесуваат, така ќе сфатите како сакате и вие да изгледате за време на разговорот.

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg