Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Како да се дозира амбициозноста - Кога е здрава, а кога преминува во опсесија?

Сигурно ви ласка, ако некој за вас каже дека сте многу амбициозни? Да, токму така, општествено гледано, амбициозноста е карактеристика која добро котира во целото шаренило од карактеристики на една личност.

kako-da-se-dozira-ambicioznosta-koga-e-zdrava-a-koga-preminuva-vo-opsesija-01.png

Амбициозноста како поим потекнува од латинскиот збор “ambitio” што значи аспирација за нешто, стремеж кон нешто, амбиција, желба за моќ. Амбициозните луѓе се оние кои се најупорни, најстрпливи и најхрабри за да ја остварат својата цел.

Да се биде амбициозен значи да се има желба за напредок, да се биде што подобар и во тоа нема ништо лошо. Така функционира и еволуцијата, а сите ние функционираме на тој начин и сме дел од неа.

Таа преставува слобода, но тоа може да им пречи на другите. Во оној момент кога во луѓето престануваме да гледаме луѓе, туку гледаме пиони на шаховска табла во партијата на нашиот живот, тогаш излегува болното, она искривеното сфаќање на напредокот.

Амбициозноста се состои од самодоверба, енергија, динамика, одлучност и храброст да се достигне одредена цел. Притоа, најважно е целта да биде реална, остварлива и конкретна.

Здравата амбиција ја развива личноста, го гради духот, не нè остава да се помириме со она што го имаме, туку нè мотивира да го достигнеме она што го сакаме. Погубна за личноста станува тогаш кога е опсесија и зависност.

Се поставува прашањето како да се дозира амбициозноста, кога таа е здрава, а кога преминува во опсесија?

Кај амбициозните луѓе таа граница е многу тенка. Амбициозниот човек има голема желба и е упорен, се вложува за да ја исполни зацртаната цел. Тоа го прави пред сè со свој напор и со помош од другите. Но, кога целта толку силно се посакува многу лесно е да се занемари човечноста и оние хумани вредности и на сметка на нашата цел да повредиме некој друг.

Тоа не е здрава амбициозност, ги повредуваме другите, а притоа се повредуваме и самите себеси.

kako-da-se-dozira-ambicioznosta-koga-e-zdrava-a-koga-preminuva-vo-opsesija-1.jpg

Можете да замислите што се случува во главата на една амбициозна личност? Таа својот фокус го има насочено кон својата цел, прави планови, прави стратегии, губи енергија , време, моменти на релаксација - само за да се слади со плодовите од својата исполнета цел.

Секој успех бара жртва, тоа е неоспорно. Но, за да не жртвуваме сè потребно е да се познаваме себеси и да знаеме кои се нашите приоритети, да умееме да направиме добра селекција.

Во спротивно, наместо резултати ние можеме да добиеме само фрустрација која е еднакво голема на целата енергија која сме ја вложиле. И како потоа да се справиме со тоа?

Знаејќи дека сме вложиле многу, очекуваме многу, а добиваме премалку. Лоша комбинација, но неретко присутна.

За секоја една работа освен факторот “јас”, имаат влијание и други фактори - при секоја поставена цел имајте го тоа предвид.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg