Како да имате самодоверба на првото работно место?

Сигурно знаете дека луѓето кои зрачат со позитивна енергија и веруваат во себе имаат повеќе успех во работата и во љубовта. Ова не значи дека тие нужно се најпаметни или најспособни. 

Kako-da-imate-samodoverba-na-prvoto-rabotno-mesto

Постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да бидете самоуверени на првото работно место и да успеете да го “преживеете“ првиот работен ден без непотребен стрес.

Истакнете ги вашите вештини и способности. Фокусирајте се на она што го правите најдобро. Понудете се да ги извршувате активностите кои би можеле да ги извршите без големи проблеми и потешкотии. Нема потреба да се фалите, покажете го она што го знаете. На овој начин вашите надредени ќе ве запознаат и ќе ве почитуваат.

Доколку нешто не ви е јасно, поставете прашање. Никогаш не треба да се плашите да поставите прашање. Никој од вас не се очекува веднаш да станете професионалци во вашата работа. Прашањата оставаат впечаток дека ви е важна работата и дека сакате да ја извршите како што треба.

Примајте критики и забелешки. Луѓе со голема самодоверба полесно ја прифаќаат критиката. Не треба буквално да го сфаќате секој збор и не треба премногу лично да ве погодуваат критиките. Ако не знаете каде грешите никогаш нема да можете да напредувате во вашата работа.

Кажете: Да! Вклучете се во новите предизвици. Ако не ги пробате новите работи најверојатно со текот на времето ќе го изгубите еланот за работата, а истата ќе стане рутина. Рутината го убива моралот. Не дозволувајте си работата да ви стане навика.

И за крај, опуштете се. Никој на почетокот на својата кариета не е совршен, во тоа е целата убавина.  Грешката која луѓето често ја прават е споредувањето со другите колеги. Вие сте единствена личност, имате предности и слабости, како и другите луѓе. Прифатете го она што сте.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg