11 трикови за најдобри резултати без многу учење

Бидејќи се ближи полугодие и скоро секогаш е сезона на испити, ние малку истражувавме и пронајдовме 11 начини кои ќе ви помогнат да го пребродите овој стресен период и притоа да брилирате. 

11-trikovi-za-najdobri-rezultati-bez-mnogu-uchenje-01.png

Како полесно до најдобри резултати на испитите?

1. Исклучете го телефонот, компјутерот и телевизорот

Честопати како утешна награда гледаме филм или серија или гледаме што има на Инстаграм, откако цела ноќ сме учеле. Но, тоа не е баш добро за нашето здравје.

Истражувачи во болница во Брингам, Бостон откриле дека светлото кое се емитира од компјутерите, паметните телефони, телевизорот и таблетите го намалува создавањето мелатонин – хормонот кој ни кажува дека е време за спиење.

Во превод, ако гледате во било кој уред пред да легнете, ќе ви е потребно повеќе време да заспиете и ќе имате пократок РЕМ сон т.е. длабоката состојба на спиење која ве полни со енергија – чиј недостаток може да ѝ наштети на вашата меморија.

Потрудете се да исклучите сѐ барем 30 минути пред да легнете за доволно добро да се одморите и да бидете спремни за тестот или испитот.


2. Вдишувајте смирувачки мириси

Одличен избор е свеќа или есенцијално масло од лаванда. Смирувачкото дејство на лавандата ќе ви помогне да се одморите и да се фокусирате.

Ако треба долго време да учите, чувајте портокал со вас. Бразилско истражување покажува дека ова овошје дава енергија, а неговиот мирис ја намалува нервозата за време на тест.


3. Држете го телото исправено

Навистина е мачно постојано да го проверувате држењето на телото, но неодамнешно истражување открива дека исправеното седење може да направи да се чувствувате посреќно и посамоуверено – што значи и поопуштено за време на тест или испит.

Социјалниот психолог и професор на Харвард, Ејми Кади објаснува дека говорот на телото има моќ да го намали нивото на стрес.

Според неа, ако застанете со рацете на колковите и нозете раширени т.е. позата „wonder woman“, сигурно ќе се чувствувате одлично ако ја правите барем 2 минути.


4. Слушајте ги вистинските звуци

Според експертите, музиката е многу корисна кога учите. Таа може да ви помогне да ги запомните клучните информации, а во зависност на предметот што го учите еве каква музика треба да слушате:

Биологија – Пробајте да ја слушате „We can’t stop“ од Мајли Сајрус. Музиката со 50 до 80 удари во минута, го смирува центарот за логично размислување – кој ви помага да научите и да запомните нови факти.

Пишување состав – Пробајте да ја слушате „Fireworks“ од Кејти Пери. Музиката со брзо темпо ја стимулира десната хемисфера – која ја поттикнува креативноста, а таа ќе ви ги подобри пишувачките способности.

МатематикаДржете се до класичната музика, како „За Елиза“ од Бетовен за да можете да учите подолго и да можете да „впиете“ што е можно повеќе информации.


5. Девојки, пуштете ја косата

Секако дека најлесно е да ја ставите косата во опавче, но Стивен Силберштајн, директор на Џеферсон центарот за главоболки на Томас Џеферсон универзитетот вели дека врзување на косата може да го оштети ткивото во скалпот – кое доведува до болни главоболки.


6. Наспијте се доволно

Планирате да учите цела ноќ? Тоа не ви е баш најпаметна идеја. Многу поважно е да отспиете минимум 8 часа за да можете да ги зачувате сите информации во главата.

Истражувањата (и реалниот живот) покажуваат дека ненаспаните луѓе се помалку свесни и помалку внимаваат, што значи потешко се справуваат со тестови и испити.


7. Џвакајте мастика

5 минути пред да влезете на тест или испит џвакајте мастика. Едно неодамнешно истражување покажува дека луѓето кои џвакале мастика пред тест или испит имале повеќе поени и подобро и побрзо ги обработувале фактите во следните 15-20 минути.

Сепак, истото истражување тврди дека џвакањето мастика за време на тест може да ви го оттргне вниманието и да ве забави. Затоа, пред да влезете, плукнете ја мастиката.


8. Облекувајте се за успех

Факт е дека тренерките и пижамите се официјална униформа кога е време од тестови и испити. Но, истражувањата покажуваат дека она што го носите влијае врз тоа како се чувствувате.

Истражувачите на Нортвестерн универзитетот откриваат дека луѓето кои облекле докторски мантил додека решаваат тест покажале подобри резултати од другите учесници поради симболиката на мантилот.

Едноставно кажано, тренерките и пижамите ќе ве натераат да мислите дека е време за одмор, а не време за работа.

Ако облечете кошула и фармерки кога одите на тест или испит, тогаш сте минимум еден чекор поблиску до подобри резултати.


9. Истегнете ги мускулите

Сигурни сме дека постојано тврдите дека ќе започнете да вежбате наутро – и сега имате причина плус зошто навистина треба да го направите тоа. Освен што е добро за телото, истражувањата покажуваат дека 20-30 минутно вежбање пред тест го забрзува протокот на крв во мозокот и ви помага да се концентрирате.

Затоа, пуштете музика и вежбајте минимум 4 песни. Добри вежби се склекови, чучнувања и кардио вежби.

Ако тестот е подоцна во денот, добра идеја е брзото одење. Ќе добиете наплив на енергија, ќе се чувствувате многу подобро и ќе добиете подобра оценка. Доволно за да ве убедиме, нели?


10. Тренирајте го мозокот

Медитацијата е добар избор како да се одморите и да ги зачувате сите информации во главата. Истражување на универзитетот во Вашингтон покажува дека медитацијата ви помага да го одржите вниманието кога најмногу ви треба – т.е. за време на тестови и испити.

Седнете на подот во исправена позиција со прекрстени нозе. Наместете тајмер 5 до 15 минути и затворете ги очите.

Контролирајте го дишењето, така што ќе дишете што е можно побавно и мислите на некоја мантра како „Јас го можам ова.“ Ако ви влета некоја друга мисла, признајте ја и потоа вратете се на мантрата.

Ваквата ментална вежба го учи мозокот да се ослободите од случајните мисли и го подобрува фокусот.


11. Затворете ги очите

Сигурно некогаш рефлексивно силно сте ги затвориле очите за да пробате да се сетите на нешто. Епа, вашите рефлекси се во право.

Британско истражување покажува дека затворањето на очните капаци ви помага подобро да се сетите. Тоа е така затоа што со самото затворање на очите, вие ги блокирате моменталните дразби и ги ослободувате центрите за помнење. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg