5 причини зошто работната маса за стоење е подобра од обичната

Основачот и главното лице на комжанијата „Market Domination Media“, Џонатан Лонг, вели дека една од најголемите цели кои ја имал за 2016-та година е да си го подобри здравјето.

5-pricini-zoshto-rabotnata-masa-za-stoenje-e-podobra-od-obicnata-01.jpg

За таа цел решил да не чека да дојде 2016-та, туку уште сега да започне со поздрав начин на исхрана, вежбање и стоење додека е на работа.

Си купил работна маса за стоење. „На почетокот бев скептичен, не знаев колку ќе бидам продуктивен или дали ќе се чувствувам удобно“ – вели тој.

Но, по краток период наведува неколку причини зошто ваквиот тип на работна маса е добар:

1. „Поголемиот дел од времето стојам - ретко седнувам“

Купил работна маса на која може да ја менува својата позиција, односно да има можност и да седи, но како што самиот објаснува ретко се случува тоа. Поголемиот дел од времето стои.


2. „Попродуктивен сум додека стојам“

Вели дека додека стои сè му е на дофат, па така заштедив време додека бара нешто што не е во негова близина и ја елиминирал потребата да стане, па потоа повторно да седне.


3. „Болката во грбот се намали“

Постојано има болки во грбот кои се појавиле како резултат на постојаното седење. Утринското вежбање и стоењето му помогнале да се ослободи од болките.


4. „Нозете ме убиваа, додека не земав тепиче“

Вели дека по неколку дена нозете го болеле многу од стоењето. Не бил навикнат да стои постојано, но затоа започнал да користи тепих и проблемот исчезнал.


5. „Стоењето ми помага да спијам како бебе“

Ако целиот ден го поминувате во стоење трошите многу повеќе енергија, па и полесно заспивате. Џонатан вели дека откако започнал да стои многу побргу заспива и има далеку поквалитетен сон.

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg